Во Општина Градско се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација

Во Општина Градско се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација

Во салата на Општина Градско се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијата. Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата, на присутните претставници на невладините организации и на Општина Градско им посочи дека треба да ги информираат своите членови и граѓаните, за тие до Комисијата да поднесат преставки независно по кој основ и област им се нарушени нивните права.

Комисијата, наведе, ќе им овозможи бесплатна правна помош за решавање на нивниот проблем ќе се обрати до институциите согласно законите да ги заштитат нивните права.

– Нашето постапување на Комисијата е еднакво, неселективно и праведно за сите граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност, појасни Бејзароски.

Тој за МИА информира дека засега од Општина Градско до нив нема поднесено ниту една претставка.

– Затоа ги охрабрувам жителите на Општина Градско и останатите доколку се чувствуваат дискриминирани да поднесат претставки до Комисијата, повика Бејзароски.

Тој појасни дека сите претставки треба да бидат аргументирани со докази, а до Комисијата може да ги достават електронски, директно да ги донесат кај Комисијата во Скопје или да ги пратат преку пошта.

Воедно, ги информира жените земјоделки дека неодамна Комисијата отворила постапка за да можат жените земјоделки да се изедначат со правата и пристапот до здравствена заштита како и сите останати осигуренички и осигуреници во областа на здравството, а тоа меѓу другото подразбира и користење на породилен паричен надоместок.

За време на трибината присутните претставници од различни невладини организации изнесоа примери за разни видови на дискриминација која им била нанасена на нивните членови: лица со посебни потреби и на лица од ромската заедница.

Далиборка Златева, од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, во своето излагање потенцира дека овие лица се дискриминирани во сите области од секојдневното живеење.

– Ние ја имаме донесено и ратификувана е Конвенцијата за правата на лицата со попреченост меѓутоа тоа е само на хартија за жал. Само кога истата ќе се имплементира во сите пори на општественото живеење, тогаш можеме да зборуваме за еднаквост на лицата со попреченст и за нивна целосна интеграција во општеството, потенцира Златева.

Таа посочи дека овие лица секојдневно се борат со архитектонски бариери, нееднаков пристап до образование, до здравствени и социјални услуги, нееднаков пристап до вработување и при тоа, според неа, секаде трпат дискриминација.

Како што посочи таа, најголема дискриминација во однос на лицата со попреченост ја доживуваат жените и девојките со попреченост кои имаат двојна дискриминација.

Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потсети дека комисијата е формирана во 2021 година, а во 2022 година до нив пристигнале 248 претставки од граѓани или правни лица и седум постапки по службена должност, што споредено со 2021 година кога имале 90 предмети било зголемување за 183 проценти.

Во 2022 година имало 70 случаи на утврдена дискриминација и тоа 36 во јавното информирање и медиуми, 14 во работата и работните односи, 10 во пристап до добра и услуги, пет во образование, две во здравствено осигурување и здравствена заштита и едба во спортот.

Тој соопшти дека во 2022 година се донела првата судска пресуда.

Трибината беше реализирана во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ спроведуван од страна на Коалицијата МАРГИНИ, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛАГ Вардар Леадер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рамки на програмата Цивика Мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор