ЕПИ

ЕПИ е дел од грант за истражување на европската интеграција и правата на граѓаните на Европскиот совет за истражување вреден 2,5 милиони евра

Среќни сме да споделиме дека ЕПИ е дел од победничкиот предлог за Напреден грант на Европскиот совет за истражување (ERC) што го освои професорката Дагмар Шик од Универзитетот во Корк во Ирска. ERC е висококонкурентен грант за истражување на Европската унија од 2,5 милиони евра доделен на етаблирани истражувачки лидери за да водат врвни истражувања. Професор Шик е продекан за истражување на Правниот факултет на Универзитетскиот колеџ Корк (UCC) и ќе го води проектот RIGHTS-TO-UNITE.

Проектот има  цел да генерира нова социо-правна теорија за европската интеграција, која ќе ги покрие ЕУ и нејзините соседи и ќе ја истражи нејзината одржливост преку квалитативно истражување. Предводени од професорката Шик, истражувачите ќе истражат дали и како граѓаните ја доживуваат европската интеграција преку либерални/економски права, социјални права и дигитални права, проценувајќи колку правата добиени од ЕУ ги поддржуваат демократските, социјално правичните и инклузивни општества. Истражувањето ќе се фокусира на четири земји од ЕУ (Ирска, Чешка, Грција и Шведска) и четири соседни држави (Северна Ирска, Норвешка, Северна Македонија и Грузија).

ЕПИ е партнерот на RIGHTS-TO-UNITED во Северна Македонија. Задоволство ни е да бидеме дел од овој проект и да ја продолжоиме нашата соработка со професорката Шик која ја започнавме во 2014 година, кога  таа беше ментор на нашиот регионален истражувачки проект за меѓусекциски нееднаквости во социјалната заштита во Македонија и Босна и Херцеговина. Исто така, со нетрпение очекуваме да соработуваме со новиот Центар за европска интеграција на UCC, воден од професорката Шик, кој е препознаен како Центар за извонредност Жан Моне.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор