цеа

Оценка на ефикасноста на тековниот систем за администрирање на данокот за имот

Врз основа на искуството и работата со ЕЛС, ЦЕА како партнер во проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, идентификуваше низа предизвици и бариери кои се поврзани со системот на администрирање на данокот на имот кај ЕЛС. Овие предизвици директно придонесуваат кон намалена ефикасност во прибирањето на ДИ како и кон јазот помеѓу буџетираните (планирани) и извршените (наплатените) приходи од данок на имот, и искористување на потенцијалот за прибирање на приходите од данок на имот кај ЕЛС.

За да се оценат тесните грла поврзани со административните бариери кои предизвикуваат неефикасност во целокупниот процес на администрирање на данокот на имот (ДИ), направиме преглед на идентификуваните предизвици согласно практичната примена на регулативата и согласно видувањата на ЕЛС, со предлог на области за потенцијални подобрувања/измени во регулаторната рамка, во администрирањето и управувањето со данокот на имот и маргинално со управувањето со фискалните приходи воопшто на ниво на ЕЛС.

Клучните наоди за идентификуваните бариери во администрирањето на ДИ кај ЕЛС во РСМ се:

  1. Најчеста примена на најниска стапка на оданочување со данок на имот кај најголем број на ЕЛС
  2. Варијација на уделот на ДИ во сопствените приходи на ЕЛС
  3. Приходот од ДИ од физичките лица со значително поголем удел
  4. Варијација на степенот на реализација на планираните приходи од ДИ помеѓу ЕЛС.
  5. Суштински системски недостатоци во регистрите за недвижен имот што го ослабува даночниот капацитет на општините
  6. Неможност на примена на меѓу-институционално поврзување за реална и навремена процена на даночната основа
  7. Методологијата за процена на пазарна вредност на недвижниот имот во пракса е тешко применлива.
  8. Одложување на процесот на (ре)вреднување на даночната база на долг рок е неповолно
  9. Разлики во трошоците и приходите за администрирање на данокот на имот кај руралните и урбаните ЕЛС

Целосната анализа со наоди и препораки: Оценка на ефикасноста на тековниот систем за администрирање на данокот за имот 

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор