ЕДЕН

Герила акција за идентификување дивоградби

Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. организираше герила акција за идентификување дивоградби која се одржа на 28 јануари 2023 година пред Трговскиот центар во Кисела Вода. Со помош на реквизитите кои ги користеа, тие ги претставија дивоградбите и ја одразија нивната симболика – непланско и ненајавено поставување во просторот, несоодветен материјал, узурпација и оптоварување на просторот и неговата инфраструктура. Со нив, тие го поттикнаа интересот на минувачите.

Фокусот на настанот беше на контактот со граѓаните. Дваесетмина од присутните беа прашани за нивните ставови поврзани со дивоградбите. Овие информации, заедно со информациите кои проектниот тим ги побара од институциите по пат на пристап до информации од јавен карактер, создаваат база на знаење на темата дивоградби во Кисела Вода и начините на кои Општината се справува со нив.

ЕДЕН - 1

Според Е.Д.Е.Н, ставовите на граѓаните, за жал, ја одразуваат проблематичната состојба во институциите. Граѓаните се незадоволни и гледаат дека нивното дејствување може и да не вроди со плод, а дури и кога ќе има некакво поместување, отсуствува завршница со која се покажува дека правдата е слепа, а законите важат еднакво за сите. Еден од учесниците сведочеше за заобиколувањето на процедурите од кои, последица се дивоградбите. Според него, граѓаните на кои им е укажано дека објектот е противправно изграден бараат пријатели и стигнуваат до целта. Други учесници ги кажаа своите искуства со пријавувањето дивоградби на кои општината не реагирала. Според нивните сознанија, станувало збор за сопственици кои биле поврзани со вработени во општината кои им помогнале да ги легализираат.

„Сето ова е јасен показател дека се потребни коренити системски промени, во чија срж е граѓанското дејствување. Таквата потреба беше инспирација за прашањето кое го мониторираме и е непобитен доказ за важноста на темата која ја обработува проектниот тим“, велат од Е.Д.Е.Н.

Герила акцијата беше овозможена со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор