Novus 1 mcms

Младите прашуваат, до каде е ветениот Локален младински совет во општина Струмица?

Нема општина по мерка на младите ако нема Локален младински совет, велат од здружението „Новус“ што организираше симулација на ова тело за младите од Струмица на 26 јануари 2023 година. Во просториите на Домот на АРМ, вкупно 31 учесник имаа можност да видат како треба да изгледа една седница на Локален младински  совет и зошто е важно да биде воспоставен и функционален. 

novus-1-mcms

Настанот беше наменет за сите граѓани, но фокусот беше ставен на младите. За организаторите, важно е да се подигне критичкото размислување на младите и да се мотивираат да бидат активни креатори на нивната иднина. Еден од начините е да си ги бараат правата кои им следуваат по закон, а во законот, според „Новус“, јасно стои дека секоја општина треба да има  функционален Локален младински совет.

„Нашата цел е да видиме каде е насочена младината и со какви проблеми и препреки се соочуваат, за да  може  заедно да најдеме решенија за тие препреки. Младите треба да бидат сослушани, бидејќи од нив зависи развојот на нашата општина. Со помош на ова симулација, стекнуваме нови искуства и најважно од се, учиме како да донесуваме одлуки. Сакаме да покажеме дека има млади што размислуваат и не им е страв да ги искажат своите мислења”, рече Иван Вангелов, учесник во симулацијата.

За Филип Тодоров, исто така учесник во симулацијата, таа се одвивала добро и може да резултира со формирање вистински Локален младински совет. „Заинтересираноста е прилично голема и поради тоа сум мотивиран да продолжам да се борам и да придонесам за промените кои и се потребни на оваа држава, а кои можат само младите да ги поттикнат“, рече тој.

Од „Новус“ планираат да продолжат со кампања која ќе се одвива под мотото „Инспирирај младинско учество за општина по мерка на младите“, а чија цел ќе биде да ја подигне јавната свест дека и младите се дел од општествените политики и имаат право да учествуваат во нивното креирање. Покрај тоа, планирана е и тркалезна маса со Градоначалникот.

Спроведувањето на активностите е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор