НРЦ

Интервју: „Ги зајакнуваме жените Ромки да препознаат насилство и да бараат помош“

Најмалку 25 жени Ромки од пет општини во Северна Македонија побараа правна помош по кампањата од врата до врата спроведена од страна на граѓанската организација (ГО) Национален ромски центар (НРЦ) во 2021 година и почетокот на 2022 година. Врз основа на истражувањето на НРЦ спроведено во 2019 година, што покажа дека семејното насилство не е препознаено како насилство врз жените (VAW), кампањата имаше за цел да се справи со овие верувања и да ги поттикне жените да бараат помош.Беа опфатени повеќе од 450 жени, а беа воспоставени пет локални мрежи на водачи на заедницата за да продолжат да го поттикнуваат дијалогот за РБН и други штетни практики.Во ова интервју, проект-менаџерот на НРЦ Александра Трајановска ги споделува своите сознанија за позитивните промени кои ги носи кампањата за превенција и предизвиците со кои се соочуваат Ромките кога се обидуваат да пристапат до услугите за поддршка и да пријават насилство.Кампањата беше спроведена во рамките на регионалната програма „Спроведување норми,менување умови“,“Implementing Norms, Changing Minds,” , финансирана од Европската Унија.

Гледајќи наназад на кампањата што ја спроведувавте, што ги гледате како клучни позитивни промени?

Во 2021 година, спроведовме кампања за подигање на свеста за родово базирано и семејно насилство, детски бракови и родова еднаквост насочена кон ромските заедници во пет општини од Северна Македонија: Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево. Во ромските заедници, овие штетни практики сè уште често се сметаат за „семејни прашања“ и ниту мажите ниту жените не ги препознаваат сите форми на насилство или опциите и услугите што се достапни за заштита. Затоа, оваа година решивме да спроведеме кампања од врата до врата и да ги посетиме ромските семејства за да ги информираме за семејното насилство, да ги поттикнеме Ромките да го препознаат ова како насилство и да побараат помош доколку тие или некој што го познаваат е жртва. Како резултат на кампањата, забележавме промена во нивните лични ставови за насилството, а во некои случаи тоа доведе до промена во однесувањето. Досега правна помош побарале 25 жени, вклучително и за бракоразводна постапка поради семејно насилство.

Кога размислувате за кампањата, кои аспекти мислите дека ја направија толку успешна?

Сите компоненти на кампањата беа дизајнирани да одговорат на потребите на жените и девојките Ромки, од подигање на свеста до нудење правно советување и заштита во правните постапки. Вклучувањето на мажите и момчињата Роми беше важно бидејќи и тие мора да бидат информирани и свесни за своите постапки. Посетите од врата до врата и средбите за дијалог обезбедија простор и можност за отворена и безбедна дискусија за штетните практики кои инаку ретко се разгледуваат во овие заедници. Овие активности се почетна точка, но треба уште многу да се работи во ромските заедници за да се спречи насилството врз жените и семејното насилство.

Кои се некои специфични предизвици со кои се соочуваат Ромките кога се обидуваат да пристапат до услугите за поддршка?

Недостигот од точни информации за нивните права е еден од главните предизвици со кои се соочуваат Ромките кога се обидуваат да пристапат до услугите за поддршка. Нашите активности за правно советување се справуваат со овој предизвик преку обезбедување на безбеден простор и можност за жените Ромки да научат за нивните права и да се информираат за новиот Закон за спречување и заштита на родово базирано и семејно насилство, како и пристап до бесплатно индивидуално правно советување. Дополнително, многу жени Ромки кои преживеале насилство имаат многу малку или воопшто немаат средства за правно застапување во судските постапки. Со обезбедување правно застапување, заедно со административна и техничка помош, успеавме да го премостиме овој јаз со жени кои беа доволно храбри да побараат помош и да се вклучат во правни постапки.

Кои се целите на мрежата на водачи на заедниците што ја воспоставивте во ромските заедници?

Една од главните компоненти на проектот за справување со родово базирано и семејното насилство беше да се воспостави мрежа на водачи на заедниците во сите пет општини. Мрежата се состои од членови на локални граѓански организации, водачи на заедниците, претставници на локални совети за превенција и влијателни и признати мажи и жени од ромските заедници. Главната цел на мрежата е да поттикне дијалог и да ја шири пораката меѓу другите мажи и ромската заедница како целина за насилството врз жените, семејното насилство, раните бракови и другите штетни практики.

Интевјуто е достапно на англиски јазик и е дел од кварталниот e-newsletter на UN Women: https://eca.unwomen.org/en/stories/interview/2022/10/interview-we-empower-roma-women-to-recognize-violence-and-seek-help

Содржината дел од кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство” кон која се приклучува и Националниот ромски центар кој го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор