Знаење, мерки и дијалог на политиките за заштита на децата од кризата со храна и енергија и одржлив дизајн на политики сврзани со повеќедимензионалната детска сиромаштија
Примарната цел на проектот е да генерира докази за влијанието на кризата со храна и енергија врз севкупната и детската сиромаштија, како и сиромаштијата со храна и енергетската сиромаштија, кои ќе се користат како основа за дизајнирање патоказ за мерки на политиките на национално ниво .
Секундарната цел на проектот е да ги зголеми капацитетите на Државниот завод за статистика за рутинско мерење и следење на повеќедимензионалната детска сиромаштија, да воспостави повеќедимензионален механизам на засегнати страни за дизајнирање покохерентни политики и да ги зголеми знаењето и свесноста на засегнатите страни за важноста на повеќедимензионалниот пристап на политиките.
Донатор: УНИЦЕФ
Времетраење: декември 2022 – јануари 2024 година







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/post-generic-image-1-768x461.jpg)
