ФРЛЗ штип

Одржана регионална дебата од Законот за управување со дополнителни текови на отпад

Минатата недела, 17ти ноември, организиравме регионална дебата за предизвиците од Законот за управување на дополнителни текови на отпад, со посебен осврт на текстилот. На дебата беа повикани и присуствуваа претставници од ЛС, од текстилни компании, трговци со текстил, здруженија кои работат  на прашањата со одпадот и голем број на граѓани.

Модератор на целиот настан имаше извршната директорка на ФРЛЗ, Невенка Лонгурова Гирова, која што истакна дека очекувањата од овој закон се големи, посебно во придонес за намалување на текстилниот отпад, бидејќи истиот моментално се депонира, а крајна цел на законот е истиот да се рециклира.

-“Нашата фондација веќе подолг период се занимава со решавање на проблемот со текстилниот  отпад и користење на истиот како ресурс за производство на нови производи со додадена вредност, затоа посебно внимание посветуваме на промоцијата на ЗУДТО, кој ќе се имплеметира од 1 јануари 2023 година“.

Во панел дискусијата свое излагање имаше Адријана Лавчиска, постара програмска координаторка во ФООМ, која ја истакна целта на програмата Зелен скок, партнерства за климатски промени и значењето на подршка на вакви иницијативи од граѓанските организации.

-“Фоом работи на прашањето на заштита на животната средина, бидејќи тоа е еден глобален тренд, тема која што станува Сѐ погорчлива и сметаме дека со нашата подршка можеме да помогнеме нашето општество да се справи со сите предизвици кои ги донесуваат климатските промени, па токму поради тоа подржуваме ГО, кои што се залагаат за промена на политиките (колку се добри, колку се усогласени со ЕУ и колку се имплементираат).

-“Ги поддржавме ФРЛЗ во работата за намалување на текстилниот отпад и бевме среќни со резултатите што тие ги постигнаа, како тој експеримент – креативен начин на справување со отпадот, покажа дека нешто може да се работи и сработи и дојдоа до идеја дека новиот Закон треба јавно да се промовира, со цел засегнатите страни да бидат на време информирани за своите обврски, за правилно да го имплементираат Законот од 1 јануари 2023 година“.

Исто така, истакна дека од клучно значење е заедничко и подеднакво вклучување на сите нас во климатските промени, во решавањето на сите прашања, за да добиеме некаков ефект, што е клучно за праведна транзиција кон зелена економија.

Програмскиот директор на ФРЛЗ, Борис Шарковски, го елаборираше законското решение и се задржа на законските одредби кои се однесуваат на обврските на производителите на текстил, трговците со текстил и граѓаните.

-“Ова е добар закон напишан на хартија, според мене преоптимистички, бидејќи националните цели се високи, ќе видеме од средината на следната година дали е тоа добро или лошо Целта на овој закон е да се намали негативното влијание на отпадните материјали и да се унапредат стандардите за заштита на животната средина. Да бидеме сите одговорни и сами да си ја поставиме културата на однесување, токму поради тоа работевме со деца од второ одделение и нормално продолжуваме да го гледаме текстилниот отпад како ресурс за нови производи со додадена вредност.

Државниот инспектор за животна средина Благој Игноски, го произнесе своето долгогодишно искуство со текстилниот отпад, како потенцијален загадувач на животната средина и истакна дека инспекторатот е спремен за почеток на имплементација на ЗУДТО, но притоа советува дека е најважно да се започне со контрола врз организација на собирните центри, бидејќи без нив нема да профункционира законот.

Борче Везенков, комунален инспектор во Општина Штип, во своето обраќање, истакна дека 80% од комерцијалниот отпад припаѓа на текстилниот отпад и завршува во градската депонија, бидејќи немаат начин и организација за негово собирање. Општината во соработка со Пакомак, има поставено контејнери за сепарирање на отпад и може да се докомплетираат со поставување на контејнер за текстилен отпад. Тој нагласи дека проблемот е првично во едукацијата и од таму треба да се започне, преку континуирани едукативни настани за подигање на свеста за заштита на животната средина и реупотреба на отпадот.

Свое излагање имаше и Кирил Нашков, сопственик на текстилна компанија и регистриран правен субјект за собирање на текстилен отпад, кој даде осврт кон административните процедури на кои наидуваат во целиот процес и придобивките од новиот Закон.

-“Го поздравувам овој закон и апелирам до надлежните органи дека единствен начин за наша мотивација е да го прогласат текстилниот отпад како материјал од нула или симболична вредност, за да можеме да го реупотребиме, а со самото тоа и да обезбедиме нови работни места, чиста животна средина, поздрав и поквалитетен живот.

Во рамките на настанот се проследија видео содржини од проектните активности, презентација на уникатни експонати од отпад, изработени во текот на проектот и завршен креативен детски перфоманс, модериран од Сања Ристески, доктор по технички науки од областа на науката и технологијата за текстил, при катедрата за дизајн на текстил и облека при ТТФ-УГД,. Допринос во целиот циклус имаа и студентите од Технолошко-техничкиот факултет, од универзитетот Гоце Делчев-Штип и останатиот стручен кадар од истиот.

Кратките видеа со упатства за постапување по одредбите и промоција на законот, тренинг центарот и проектните активности се достапни на електронските канали на ФРЛЗ (www.frlz.org.mk; You tube, www.recikliraj.mk ).

Овој настан е дел од проектот проектот „4 Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени) Социјална инклузија преку кружна економија ” , имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Доколку не сте ја проследиле панел дискусијата, истата е достапна на следниот линк.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор