Partnerski akciski grantovi
|

ПОВИК ЗА ПАРТНЕРСКИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦМ-ПАГ-01

Цивика мобилитас објавува нов повик за доделување партнерски акциски грантови [ЦМ-ПАГ-01]

Пријави можат да поднесат:

  1. граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
  2. непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
  3. формално регистрирани мрежи, коалиции, сојузи или платформи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); сочинети од најмалку три (3) организации.

Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Партнерите треба да исполнува една од погоре наведените категории.

Овој критериум за подобност не се однесува и за формално регистрираните мрежи, коалиции, сојузи или платформи сочинети од најмалку три (3) организации. Тие се подобни за пријавување без партнери – организациите од листата на сопственици ќе се сметаат за партнери.

Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта) на следната адреса: aplikacija@civicamobilitas.mk

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Предложените партнерски акции треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во водичот за апликанти. Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу девет (9) и десет (10) месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 36.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на апликант или на партнер.

Пријавите мора да се поднесат преку електронска пошта со назнака: „Повик за партнерски акциски грантови реф. бр. ЦМ-ПАГ-01“ на следната адреса: aplikacija@civicamobilitas.mk

Краен рок за поднесување на пријавите е 5 декември 2022 г. до 13 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака.

Цивика мобилитас нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доста-вените апликации.

Пријавите мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи во соодветен формат (word/excel и во PDF каде што е применливо) и нема да надминува 20MB:

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 30 ноември 2022 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-ПАГ-01). Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози11 ноември 2022 г.
Краен рок за поднесување на пријави5 декември 2022 г., 13.00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантовидекември 2022 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријавидекември 2022 г.
Преговори и потпишување договоридекември 2022 г. / јануари 2023
partnerski-akciski-grantovi

Продолжи со читање

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор