Screenshot

ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД

Отпадот претставува глобален проблем кој има сериозни импликации врз економијата, животната средина и врз севкупното живеење. Традиционалната економија која е базирана на принципот: земи, направи, употреби, фрли и загади, e модел кој го напуштаат многу земји и го заменуваат со новиот регенеративен пристап наречен кружна економија, затворен кружен процес кој во секоја фаза се грижи за отпадот кој треба да се намали, да се рециклира и да се реупотреби.

Од 1 јануари 2023 година во сила стапува Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила, што треба да се исполнат при производството на текстил, гуми, масла и возила и собирање, повторна употреба, третман, преработка и отстранување на отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, како и другите прашања поврзани со постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила од страна на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и постапувањето со истите.

Основни цели на овој закон се:

1) намалување на негативното влијание од текстилот, гумите, маслата и возилата и отпадот од текстил, гуми, масла и возила, врз животната средина и врз здравјето на луѓето;

2) унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на економските оператори во текот на целиот животен циклус на производите, а особено при собирање, третман, повторната употреба, преработката и отстранувањето на отпадот од текстил, гуми, масла и возила.

Законот носи големи промени во практичното постапување со отпадот и наметнува сериозни обврски за производителите, за потрошувачите и за локалните власти,  предвидува спречување на создавање на текстилен отпад, горење на истиот и преземање на отпаден текстил и гума од трговец. Законот предвидува и обврски на градоначалникот, како и „Крајниот корисник, кој создава отпаден текстил е должен создадениот отпаден текстил да го собира и чува одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да го предаде на трговец, собирач на отпадни производи или во собирен центар или други локации“. Како национална цел поставена во законот е оптимистичка, за собирање за 2025 година: отпаден текстил – 15%.

Преку широко информирање на јавноста за предизвиците и обврските со кои се соочуваме сите од прагот на 2023 година, операторите навремено ќе се подготват за обврските кои произлегуваат а граѓаните ќе ги прилагодат навиките за постапувањето со отпадот.

Проект „4Р (редуцирај,рециклирај,реупотреби,реагирај)“ поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор