НРЦ

НРЦ: Социјално-ранливите категории генерално информирани за КОВИД-19

Кумановци генерално се информирани за Ковид-19, задоволни се од работата на лекарите од кумановската општа болница, а незадоволство искажале од матичните лекари кои на почетокот од пандемијата услугите ги пружале преку телефон, покажаа истражувањата на Националниот ромски центар (НРЦ).

Кумановци генерално се информирани за Ковид-19, задоволни се од работата на лекарите од кумановската општа болница, а незадоволство искажале од матичните лекари кои на почетокот од пандемијата услугите ги пружале преку телефон, покажаа истражувањата на Националниот ромски центар (НРЦ).

Извршниот дректор на НРЦ, Ашмет Елезовски на денешната прес-конференција посочи дека истражувањата ги опфатиле социјално ранливите категории во рамки на проектот „Да продолжиме да живееме“, поддржан од Владата. Од испитаните, најголем проблем пројавиле лицата кои немале документ кои не можеле да добијат здравствена услуга. Повеќе од половината примиле вакцина, 49 проценти не биле вакцинирани.

-На почетокот имаше поголемо незадоволство особено од матичните лекари кои не ги примале заболените во ординациите. Сметаме дека тоа се должи на недоовлната оргнизација, бидејќи имавме и позитивни примери. Генерално кумановци се задоволни од пружената нега и помош на кумановските лекари од општата болница, вели Елезовски.Испитаниците покажле висок степен на информараност за болеста, но и за ефекисаноста на вакцините, иако дел, како што појасни Елезовски потпаднале под влијание на деизнформациите кои се проширија со иста брзина како вирусот.

-Сакаме да укажеме дека треба да бидеме храбри, да ја вратиме довербата да гледаме позитивно на животот и едноставно треба да мислиме дека треба да продолжиме да живееме, иако секојдневно сме заплашени, има се поголем раст на сиромаштијата, вакцинацијата, лекарствата коишто треба да се земаат, превентивните прегледи кај матичните лекари, со поддршка на Владата спроведовме активност која сериозно даде поттик на нас како да стигнеме до најсиромашните граѓани и како да ги информираме за да превентивно се заштитат од овој вирус, рече Елезовски.

Во анкетата биле опфатени 630 испитаници. Интересно е што оние најранливите кои живеат во субстандарни услови имале антитела на Ковид-19.-Пораката на НРЦ до политичките претставници е дека луѓето имаат право на живот и тие не заслужуваат да бидат марионетки на интереси на поединци или на политики на одредени луѓе кои додека се живи се занимаваат со политика Важно е здравственаета заштита да биде достапна за сите, вели Елезовски.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор