рурална коалиција

Зајакнати жени – Зајакната економија

Зајакнати жени е приказна за три неверојатни жени од Република Северна Македонија кои, и покрај сите пречки, успеаја да станат успешни жени претприемачи, давајќи им поттик на други жени и девојчиња низ земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Тие се доказ дека кога жените ги имаат истите права и можности како и мажите, нивните семејства и заедници напредуваат и уживаат во повеќе благодети.

Јасмина Котевска од Суводол, Демир Хисар, има диплома по историја на уметност, но вели дека нејзиното занимање е овчарството: „Овчарството е семејна традиција која изумира. Земјоделството беше единствената опција што ми остана. Кога прв пат почнав да работам со овци, почнав да развивам чувство за дисциплина и одговорност. Мислам дека позитивно влијаеше на мојот карактер. Сметам дека жените се сосема способни да вршат машки работи и обратно“.

Економското зајакнување на жените е процес на трансформација кој им помага на жените да го зголемат своето право на економски ресурси и моќта да донесуваат одлуки. Со инвестирање во економското зајакнување на жените се олеснува и забрзува намалувањето на сиромаштијата и се подобрува еднаквоста помеѓу мажите и жените. За многу жени не е лесно да се справат со различните улоги што ги имаат, истовремено да обезбедуваат приходи и да се грижат за семејството, но трудот е награден со независност и можности.

Вангелина Пармачка од село Будинарци, Беровско, е земјоделец и сопственичка на земјоделски бизнис. Таа вели дека има многу секојдневни предизвици: „За мене, како жена, водењето земјоделски бизнис е предизвик, бидејќи морам да работам и на нива и на фарма, но и да ги завршам обврските како мајка и домаќинка.“ Сепак, нејзината порака е едноставна: „Жени, бидете храбри, станете сопственички на вашите земјоделски бизниси, бидејќи каде и да одлучите да аплицирате, за тоа ќе добиете дополнителни поени!“

Ирена Наумоска од Горно Коњско, Охрид, вели дека имала целосна поддршка од сопругот кога го започнала семејниот бизнис, иако не поседува земјиште: „На почетокот беше тешко да прифатат жена да води бизнис. Мојот сопруг никогаш не пререкол за фактот дека јас го водам бизнисот. Имам целосна поддршка од него. Значи, сè што правиме, правиме заедно. Јас сум сопственичката на бизнисот, го водам ресторанот, но не сум сопственичка на земјиштето. Земјиштето сè уште е во сопственост на родителите на мојот сопруг. Тоа понекогаш може да биде пречка бидејќи немаме право да аплицираме за некои грантови што ги доделуваат државните институции или за странски грантови. Но, ако се решиле да направите нешто, никогаш не се откажувајте! “

Овие три жени, како и жените ширум светот, се издржливи и снаодливи економски чинители, кои ги надминуваат постојаните родови бариери, во обид да создадат економска сигурност за нивните семејства и заедници.

Жените даваат огромен придонес за економиите, без разлика дали е тоа преку бизниси, на фарми, како женипретприемачи или вработени, или со неплатена работа за грижа за домот. Економското зајакнување на жените е суштински дел на инклузивниот економски развој и просперитет.

Економиите ширум светот се поотпорни, попродуктивни и поинклузивни кога ги намалуваат родовите нееднаквости и активно го поддржуваат еднаквото учество на жените во сите сфери на животот. Затоа земјите од ЈИЕ треба да вложат двојно повеќе напори за проактивно информирање и едуцирање на жените за нивните уставни и законски права на пристап, сопственост и сосопственост на земјиште и други форми на имот, финансиски услуги, наследство и природни ресурси.

Регионалните проекти „Поддршка на економската диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа“ и „Отворени регионални фондови за Југоисточна Европа-правна реформа“, што ги спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во име на германското Сојузно министерство за економски развој и соработка (BMZ), ги поддржуваат жените во остварување на својот економски и социјален потенцијал. Една од целите е да се поттикнат жените од руралните средини да бараат права на земјиште, лидерство, можности и избори, за да можат да ги пласираат своите добра и да дадат силен придонес за инклузивен економски раст.

Со таква поддршка, жените добиваат моќ да создадат подобар живот, да заработат повеќе приходи и да создаваат бизниси кои обезбедуваат работни места и ги зајакнуваат локалните економии.

Целосното видео за трите силни жени од Северна Македонија може да го погледнете тука.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор