Конференција: Историјата може и да зближува

Конференција: Историјата може и да зближува

Конференцијата „Историјата може и да зближува“ е завршен настан во рамките на проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“. Овој настан, иако е завршна активност, е всушност првиот во рамките на овој проект, кој се реализираше на отворено и во живо. На 27 мај 2021, во паркот на Младинскиот културен центар во Скопје, се сретнавме со проектната група на наставници и наставнички по историја, но исто така и со претставници од граѓански организации, поддржувачи и институции од земјава.

Оваа конференција зближи многу различни луѓе, беше исклучително инспиративна и опфати различни аспекти преку кои можеме да ја толкуваме историјата. Настанот беше поделен во три блокови со простор за прашања, одговори и дискусија.

„Историја во единаесет цитати“ беше излагањето на Петруш Тоинес, кој на многу инспиративен начин ја предизвика публиката и присутните да размислуваат на неколку клучни прашања: дали навистина холокаустот е тешка тема за разработка, зошто историјата од независноста на земјава па до денес не постои во учебниците, нема ли ништо за 2001ва и како тоа ништо не е променето во програмите за историја од 2005?

„За да дојдеме до тука, претходел долг процес на работа… Преку германската програма Цивилен мировен сервис, работиме со Мировна акција од 2008. За мене, ова е мозаик. Сеуште ја немаме целосната слика, но овој процес се надоврзува кон мозаикот. Сега Ви се обраќам Вам. Вие секогаш имате некој покрај вас кој ќе се погрижи, овој процес ќе биде скроен за Вашите потреби, некој што ќе се погрижи Вашиот глас да биде слушнат. Ние сме тука да Ви подадеме рака и заеднички да го осмислиме тоа„ – истакна Бенџамин Блекнер, Регионален координатор за Западен Балкан, Курве, Вустров, Центар за тренинг и вмрежување за ненасилна акција.

Во вториот блок од конференцијата, беа презентирани проектинте достигнувања. Така, професорите и професорките вклучени во проектот зборуваа за процесот на изградба на капацитети, дијалошките средби и креирањето на практикум за реализација на вон наставни активности по предметот историја. Вон наставните активности беа реализирани во етнички мешани групи од ученици и ученички во соработка со по 3 или 4 училишта. Беа опфатени основни и средни училишта во 4 групи кои работеа на следниве теми: Политиката е женски род, Жени во Македонија – жени хероини, И тие се наши херои (се мисли на фудбалската репрезентација) и Мултукултурен календар. Во овој блок беа презентирани и наодите од анализата на учебниците по историја.

Во третиот блок од конференцијата, имавме гости од земји од Европската унија, на темите: Искуства од ЕУ – Латвија, како до современо предавање на историјата? – излагање имаше Лаура Лаумберга – Николова, професорка по историја и Стивен Стигерст, Директор од ЕУРОКЛИО кој имаше излагање на тема: Толкување на историјата во 21 век, предизвици за наставниот кадар и научени лекции.

Целиот настан е достапен на Youtube каналот на Мировна акција https://www.youtube.com/watch?v=pHI-0lrNPvQ

За оваа конференција, интерес покажаа две телевизии. 24 Вести, каде гостување на утринска емисија имаше мировниот работник Горан Талески од Мировна акција и изјави од наставниците и АНИМ зеде телевизија Сител.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор