Ruralna koalicija 4647

Денес започнуваме ново поглавје во нашата работа

Денес за прв пат дониравме… Денес за прв пат внесовме нов дел во нашето работење, а тоа е поддршката на оние на кои што им е најпотребно… И тоа со што? Со она за кое што ние постојано се залагаме и вложуваме, а за кое што се покажа како клучно во време на криза. А, тоа е домашното локално производство на храна. А, како да ги поддржиме домашните земјоделски производители ако не со нивна промоција и тоа кај кого, кај најмалите и најмилите, за да знаат дека пакетчињата може да бидат и поинакви и тоа полни со здравје!

И во овој потфат не сме сами, па така пакетчињата ни ги направија од Добра Земја – задруга за органска храна  а ги доделивме на  ONE CAN за да ги дадат на дечињата од еднородителски семејства. И ништо од ова не би било вака ако ја немавме поддршката од Civica Mobilitas  па уште еднаш по кој знае кој пат се докажа дека институционалната поддршка е клучна за развојот на секоја граѓанска организација. Рурална Коалиција и One can – Една може! се институционалните грантисти во програмата на Civica Mobilitas.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор