Втора Работилница на здружението Праведни и Професионални од Скопје

На 12-ти декември 2020 година Здружението на граѓани ПРАВЕДНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ, од Скопје, ја одржа својата втора работилница во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите за добро управување и евидентирање на државниот недвижен имот“, со финансиска подршка од програмата на Цивика мобилитас .

Работилницата овојпат беше организирана on-line на платформата ZOOM и активно учество на неа земаа претставници од Генерален секретаријат на Владата на РСМ, министерство за економија, министерство за финансии, министерство за земјоделие, министерство за правда, Служба за општи и заеднички работи на Владата на РСМ, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за поддршка на претприемништвото, Агенција за иселеништво и Државен инспекторат за труд.

И во оваа прилика беше изготвен пресек на сите собрани и обработени информации за државниот недвижен имот, пред присутните беа презентирани досегашните искуства на сите министерства кои водат кон општиот заклучок дека како држава имаме многу несредена и некомплетна евиденција на државниот имот. Голем дел од  министерствата и органите на државна управа не ги запишале своите објекти поради бројни објективни и субјективни причини и фактори иако ги користат со децении.

Од претставникот на Државниот инспекторат за труд сите присутни беа информирани дека подрачните единици на инспекторатот низ градовите функционираат со заедничко користење на деловните простори со локалните самоуправи и дека имотно-правниот однос помеѓу државните органи и општините до денес не е расчистен.

Особено голема критика беше упатена на адреса на Министерството за транспорт и врски каде сите органи имаат започнато постапки за легализација на објектите и утврдување на нивниот правен статус уште во 2011 година и тие постапки сеуште траат.

Иако од самиот почеток знаевме каква ни е државната евиденција, не очекувавме дека ќе наидеме на толку поразителни податоци од терен. Напуштени објекти без корисници, комплекси под клуч повеќе години ( како што е комплексот Македонско село во Нерези) и објекти кои се оставени како да се ничии ( како што е руинираниот објект во центарот на Драчево, општина Кисела Вода, иако општината тврди дека нема ниту еден руиниран објект).

Ако е државно, не значи дека треба да го запустиме и да го оставиме да пропаѓа и да се уништува, тоа е наш имот и припаѓа на сите граѓани.

Дискутирано беше и за Државниот завод за статистика кој има 8 регионални центри и седиштето во Скопје, а нема ниту еден објект со Имотен лист и со запишано корисничко право. Сите се согласија дека пописот на население е приоритетен, ама и пописот на државни објекти не е помалку важен за државата и треба веднаш да се изработи.

Најпрвин треба да се подигне нивото на свест кај носителите на јавни функции, да наредат веднаш да се пристапи кон пребројување на сите државни објекти, да се уредат имотно-правните односи и постојано да се ажурираат промените – ова е жива материја која се менува секојдневно.

Затоа е потребно да имаме банка на податоци за објектите и од еден центар во секое време да знаеме што имаме, за да станеме добри домаќини и да управуваме со имотот ефикасно и рационално.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

    На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“. Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот […]
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM first appeared on Finance Think.
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор