24 та седница на Советот за соработка со и развоj на граѓанскиот сектор

24-та седница на Советот за соработка со и развоj на граѓанскиот сектор

На седницата на Советот за соработка со и развоj граѓанскиот сектор коjа што се одржа вчера, на 02-ми ноември, меѓудругото се разгледуваше и кварталниот извештаj за спроведувањето на стратегиjата на Владата за соработка со и развоj на граѓанскиот сектор, каде што се утврди дека особено деловите кои што се однесуваат на унапредувањето на овозможувачката околина за делување на граѓанските организации остануваат нереализирани. Такви се на пример, измените во законот за здружениjа и фондации, формирањето на државниот фонд за институционална поддршка и развоj за ГО, даночни олеснувања за ГО, социjално претприемништво итн. Во таа насока последните 2 месеци остануваат на нас граѓанските организации да иницираме колку што е возможно отпочнување на процесите поврзани со делувањето на ГО, но и да ги поттикнеме институциите да придонесат кон истите. Деталниот извештаj за реализираните активности, како и текстот на самата стратегиjа се достапни на овој ЛИНК , како и на https://nvosorabotka.gov.mk/?q=mk/node/450. Исто така особено е значаjно што претстои нов стратешки период на планирање во коj што треба сите ГО да се вклучиме и да придонесеме истиот реално да ги одрази нашите потреби и интереси. Промоциjата на работата на Советот како и стратегиjата за соработка на Владата и граѓанскиот сектор се дел од активностите кои што Рурална Коалициjа ги спроведува во рамките на институционалната поддршка на програмата на Civica Mobilitas.

 

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор