Граѓаните на Струга ги истакнаа своите потреби пред Локалниот совет за превенција

Граѓаните на Струга ги истакнаа своите потреби пред Локалниот совет за превенција

Препознавање на важноста на Локалниот совет за превенција како механизам од областа на превенцијата за заедничка и здружена акција во насока на обезбедување и решавање на актуелните потреби, проблеми и предизвици во заедницата беше во фокусот на работилницата за членовите на ова тело што се одржа денеска во Струга во рамките на проектот на ЗГ Медиа плус од Штип.

Во присуство на членовите на ова тело и претставници на граѓанскиот сектор, беше презентирана законската рамка за работата и можноста за вклучување на експертизата на граѓанскиот сектор во различните меѓусекторски теми за расправа од интерес на граѓаните на Струга.

Со оглед на тоа дека превенцијата е клучниот аспект во работата на Советите, од особена важност е да се нагласи потребата од негово активирање и функционалност.

Пред одржување на работилницата, во рамките на потпишаниот меморандум за соработка со Општина Струга, потребите на граѓаните од областа на безбедноста и превенцијата, беа нотирани преку фокус групи и анкетен прашалник. Граѓаните бараат поголема будност на институциите и поголема соработка во решавањето на овие прашања:

Сообраќаен метеж, брзо возење, непрописно паркирање, отстранување на паркирсните нефункционални стари возила, бучавата што се создава и недостатокот на паркинг простор; Узурпирање на јавен простор (како поставување на огревни дрва по улица, паркови), особено во летен период, кога има зголемена фрекфенција на луѓе и сообраќај, а узурпирани се улиците и тротоарите; Проблем со крадежби и недобивањето информации за решавање на предметите. Комунални проблеми, како неодржувањето на јавни површини, кучиња скитници,палење на стрништа; Не се листат редовно каналите во надлежност на Водостопанство;
Подрумите во куќите покрај езеро се полнат со вода од подземни води; Инспекторите реагираат, но институциите си ја префрлаат одговорноста.

Работилниците се дел од проектот  „Здружени сме посигурни и побезбедни“ на Здружение на граѓани Медиа плус се спроведува во осум општини: Штип, Свети Николе, Битола, Струга, Карпош, Гостивар, Гевгелија и Крива Паланка во рамките на програмата Цивика мобилитас.

Активностите на проектот се во функција на засилување на соработката на граѓаните и граѓанските организации со Локалните совети за превенција и безбедност. Целта е да се придонесе за зголемено граѓанско учество, што ќе има за резултат поуспешно решавање на проблемите на граѓаните.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор