Отвораме дијалог за сеќавање и изградба на мир

Отвораме дијалог за сеќавање и изградба на мир

Дијалошките средби имаат цел, да отворат простор за разговор и размена на мислења помеѓу наставниците и наставничките по предметот Историја, за тоа како подобро и похумано да ги презентираат тешките теми од историјата во периодот од втората половина на дваесеттиот век и почетокот на дваесет и првиот век пред своите ученици и ученички.

Првата, од серијата предвидени дијалошки средби, ја одржавме на 24 и 25 септември 2020 користејќи ја програмата за видео комуникација преку интернет – ЗУМ (ZOOM).

На првата дијалошка средба влеговме подлабоко во размена на мислења за разбирање на конфликтите и етничките идентитети.  Конфликтот со сета своја специфика влијае врз општествениот живот и начинот на кој луѓето се однесуваат. Па така, користејќи техники за конструктивна размена на мислења, разговаравме за општествени ситуации кои можат да предизвикаат конфликт.  Во таа насока, разговаравме за причини и последици ако го избегнуваме,, разговаравме какво влијание има моќта во ситуации на конфликт, за интересите на луѓето во едно општество, но и економијата како фактор за решавање на конфликтите.

На оваа средба, почнавме да разговараме и за војната во 2001, како една од темите која е минимално застапена по предметот Историја. Разговаравме за перцепциите кои ги имаме за војната од 2001, одговарајќи на прашањата: кога ни се случи војната, каде се случи и кои страни биле завојувани. За оваа дискусија ја користевме техниката Светско кафе, која остави добар впечаток врз учесниците и учесничките.

Етничкиот идентитет, го работевме преку користење на вежбата Аквариум, при што учесниците и учесничките разменија свои мислења и ставови за секојдневието, кои имаат поврзување со етничкиот идентитет. Некои од изјавите беа: сегрегирано образование, моноетнички политички партии, и сл.

Етничкиот идентитет исто така го дискутиравме и низ призмата на перцепции за тоа кои потреби ги задоволува истиот.

Оваа активност е дел од проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“ кој го спроведуваат Здружението Мировна акција и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ), а е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас и Федерално министерство за економска соработка и развој – Германија преку партнерите од Мировна акција, КУРВЕ, Вустроу од Германија.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор