Толкување на заедничката историја на современото време

Толкување на заедничката историја на современото време

Здружението Мировна акција и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија го реализираат проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“. Проектот е 12 месечна иницијатива која започна во јуни 2020, а чија цел е: Изградени партнерства за мир во образованието.

Реализацијата на овој проект отвора конструктивен дијалог помеѓу наставниците по историја од основните и средните  училишта од земјава, кој ќе биде ставен во функција на креирање на препораки за изградба на курикулум по овој предмет, во кој ќе бидат содржани  и поттикнати граѓанските вредности кај учениците.

Мировна акција и АНИМ ќе работат на иницијатива за промена на перцепциите за интеркултурализмот  преку предметот историја, во училиштата.

Цениме дека овој предмет е клучен кога станува збор за изградбата на мирот, намалување и кршење на стереотипите и предрасудите за „другиот“ но и потреба за отворен дијалог помеѓу стручната фела за толкување на историјата од втората половина на 20 век и почетокот на 21 век.

Со реализацијата на овој проект, Мировна акција и АНИМ го зајакнуваат меѓусебното партнерство а со самото тоа и нивниот граѓански ангажман, учество и отвореност кон своите чинители, но и општеството во Макединија и граѓанскиот сектор.

Нашата крајна заложба, е да ги промовираме политиките за изградба на мир и култура на сеќавање помеѓу граѓанските организации, образовните и други релевантни институции од земјава.

Вкупниот буџет за оваа акција е 3.170. 493 МКД, и финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас и Федерално министерство за економска соработка и развој – Германија преку партнерите од Мировна акција, КУРВЕ, Вустроу од Германија.

Повеќе информации за програмата на Цивика мобилитас и грантистие во рамките на оваа програма,  можете да прочитате на civicamobilitas.mk

За сите информации поврзани со проектот, можете да ја контактирате Марина Ѓ. Китаноска – проектна координаторка на marina@mirovnaakcija.org

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор