РАБОТНА СРЕДБА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЛИЦАТА БЕЗ ДОКУМЕНТИ

РАБОТНА СРЕДБА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЛИЦАТА БЕЗ ДОКУМЕНТИ

   Во текот на месец декември Асоцијацијата Иницијатива за социјална промена – ИнСоК поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје како преставници на Мрежата за застапување на трајни и системски решенија за интеграција на Ромите организира работна средба со институциите во врска со новиот Закон  за регулирање на статусот за лицата без документи.

  На средбата беа присутни претставници на Мрежата, претставници на невладини организации, претставници на ОБСЕ Мисијата во Скопје, претставници на Министерството за труд и социјални работи, претставници на Управата за водење на матични книги, но за жал, иако беа поканети, на работната средба не присуствуваа претставници на Центарот за социјални работи.

  Претставниците од Министерството за труд и социјална работа, за време на работната средба на останатите им го претставија новиот Закон за регулирање на статусот на лицата без документи, правата со кои се стекнуваат лицата без документи, начинот на остварување на тие права, начинот на постапување и обврските на Управата за водење на матичните книги.

   Присутните, а посебно претставниците од Управата за водење на матични книги, работната средба ја отценија како многу важна и корисна од аспект на разјаснување на самиот Закон и нивните обврски кои произлегуваат од Законот.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор