Mladite Mozat 25082016 1

Сите пречки се мали ако луѓето се големи

Mladite Mozat 25082016 1На 15.08.2016 во ЕУ Инфо центарот во Скопје, „Младите можат“ организираа настан наречен „Сите пречки се мали ако луѓето се големи“. Целта беше да се придонесе за социјалната инклузија на лицата со сетилна попреченост . Учесниците на настанот имаа можност да ги слушнат инспиративните приказни на тројцата говорници. Тие истакнаа дека попреченостa не е препрека за успех, понекогаш е можност и предизвик да се надминат границите на умот и амбицијата и пасијата да се претворат во успех, односно да се тие лица да ги исполнат своите соништа.

Mladite Mozat 25082016 1

 

Покрај успешните приказни на говорниците, присутните имаа можност да уживаат во перформансите на талентираните настапувачи. Културно уметничкото друштво „Битрикс“ имаше своја точка преку која ја пренесе пораката за еднаквост на сите млади. За крај на настанот беше изведена нумерата „За овој свет“ од Тоше Проески.

Mladite Mozat 25082016 2

 

Иницијативата е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“ кој е поддржан од Цивика мобилитас и Швајцарскиот национален младински совет, а се спроведува во партнерство со Симбиотика – Институт за индивидуален и организациски развој и SEED Швајцарија.)

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор