Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија последна фаза започна да се спроведува од 1 април 2023 година и ќе трае до 31 декември 2026 година.

Општа цел

Општествените промени во Северна Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.

Резултати

Оваа фаза на Цивика мобилитас предвидува три резултати:

  1. Зголемен граѓански ангажман и доверба во граѓанското општество преку инфо рмирани и активни конституенти на ГО вклучени во заеднички граѓански иницијативи.
  2. Креирањето политики и донесувањето одлуки имаат придобивки од зајакнатото граѓанско општество и зголеменото граѓанско учество.
  3. Околината за развој на граѓанското општество е подобрена особено во областа на диверзификација на финансирањето (јавно и приватно) за граѓанското општество.

Целна група

Последната фаза на Цивика мобилитас (2023-2026 г.) ќе работи со следните целни групи:

  1. Граѓански организации (ГО), кои ќе бидат финансирани и поддржани за да се подобри нивното работење, особено во соработката со властите за подобрување на околината за развој на граѓанското општество, градење силни конституенти и зголемување на нивното влијание врз политиките и донесувањето одлуки.
  2. Граѓани, кои ќе бидат мотивирани и одлучни да учествуваат во граѓански иницијативи и кои ќе ја зајакнат нивната соработка и ангажман со ГО, а со тоа ќе ја зголемат самодо вербата да направат општествени промени и да ја зголемат довербата во ГО.
  3. Власта/органите на власта, кои ќе бидат поддржани за да ја зацврстат и подобрат околината за развој на граѓанското општество, особено преку зголемување на држав ното финансирање за ГО, проширување на постојните и обезбедување нови простори за граѓанско општество, и за подобрување на нивната отвореност и одговор кон ГО кои учествуваат во процесите на креирање политики и донесување одлуки.

Активности

Цивика мобилитас се состои од следниве инструменти и методи на работа:

  • Грантови: Партнерски грантови и грантови за граѓански ангажман;
  • Активности за поттикнување на граѓанскиот ангажман: средби за вмрежување, национални форуми, фестивали и тематски форуми
  • Платформа за споделување дигитални податоци и истражување и развој

Буџет

Буџетот изнесува 4,448,964 швајцарски франци.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската амбасада кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска).

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

МЦМС е граѓанска организација основана во 1993 година која предводи и поттикнува промени во Македонија и пошироко преку нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. МЦМС веќе 25 години е значаен актер на граѓанското општество, кој води програми за институционален развој и организациско јакнење, вклучувајќи застапување за овозможувачка средина, градење на капацитетите, финансиска поддршка и истражување. Покрај тоа, МЦМС дејствува и во секторите на социјална инклузија и кохезија, добро владеење и борба против корупцијата, како и во поддршка на процесот на евроинтеграција. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 65 програми со реализирани преку 1.500 проекти во овие сектори. МЦМС во 1998 година ја доби наградата на САД и ЕУ за граѓанско општество и демократија.
За повеќе информации посетете ја: www.mcms.mk

NIRAS

NIRAS е данска консултантска компанија со повеќе од 1300 вработени, од нив 280 работат на развојни проекти. Градејќи се на повеќе од 40 години искуство во преку 100 земји, НИРАС нуди широк спектар на услуги и програмско менаџирање, вклучително и области како што се добро владеење, децентрализација и граѓанско општество.
За повеќе информации посетете ја: www.niras.dk

ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска)

ФЦГ Шведска е консултантска компанија која е новото лице на досегашните ОРГУТ и СИПУ, и е дел од глобалната мрежа на Финската консултантска група, со ограноци во Европа, Азија, Африка и Пацификот. Нивната цел е да придонесат за развој на општество во кое секој има право да учествува, независно дали се работи за реформи во јавниот сектор, шумарство, водостопанство, развој на пазарот или развој на граѓанското општество.
За повеќе информации посетете ја: https://www.fcg.fi/en/contact-us/global-offices/fcg-sweden-meet-our-staff/

За донаторот:

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)

СДЦ ги ангажираше НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска за спроведување на Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“. За повеќе информации посетете ја: https://www.eda.admin.ch/deza/en/home/sdc.html

Национални членови на тимот

  • Александар Кржаловски, Лидер на тимот
  • Дарко Димов, Координатор за грантови
  • Блинера Реџепи, Соработник за грантови
  • Гонце Јаковлеска, Координатор за информации и комуникација
  • Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиуми
  • Наташа Сердаревиќ, Соработник на проекти
  • Александра Сипковска, Помлад соработник на проекти
  • Каролина Ѓурковска, Соработник за односи со јавност
  • Борче Јакимовски, Контролор на финансии
  • Паола Лесиќ, Соработник за администрација и финансии

Меѓународен тим

  • Јулија Миљевиќ Јакобсен и Емили Фити, Меѓународен раководител на програма, НИРАС
  • Сане Холинд и Ана Сесили Варнилд, Меѓународен раководител задолжен за осигурување на квалитет и проверка, НИРАС
  • Гите Кетнер, Меѓународен контролор на финансии, НИРАС
  • Лоте Клинте Меѓународен раководител задолжен за осигурување на квалитет и проверка, НИРАС
  • Гите Кетнер, Меѓународен контролор на финансии, НИРАС
  • Петруш Тоинес, Меѓународен бекстопер – Постар експерт за развој на граѓанско општество, НИРАС
  • Сајмон Форестер, Меѓународен клучен експерт, НИРАС
  • Ана Василаче, Меѓународен клучен експерт, ФЦГ

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор