DSC

Успешно затворен Денот на граѓанските организации

Во Градскиот парк на „Школка“ во Скопје се одржа Националниот форум на Цивика мобилитас насловен како „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“.

„Многу е важно да се запамети дека организациите на граѓанското општество се гласот на нивните конституенти и дека довербата на граѓаните е темел на нивната законитост“, рече Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада на отворањето на националниот форум на Цивика мобилитас „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“. „Во изминатите неколку години можевме да видиме дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и резултатите од нивните акции многу по оддржливи“, додаде таа.

За Амбасадорката Тејада позитивно е тоа што на настанот може да се видат млади луѓе и граѓани од различни етнички заедници кои работат заедно за заеднички интереси. „Драго ми е што Цивика мобилитас посветува големо внимание на градењето силна кохезија во општеството и земјата. Се надевам дека овој настан ќе ги инспирира локалните власти да воспостават поблиски врски меѓу заедницата и граѓанското општество заради придобивките на целаата заедница“.

Програмата опфати 30-тина настани кои се одвиваа пралелно, како и настапи на повеќе музичари меѓу кои хорот Симбиосис, Шурбе, Џун, Контакт 59, РИБ и Тамара Тодевска.

Со овој настан, МЦМС и Цивика мобилитас се придружија на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската алијанса за граѓанска партиципација. Во овој контекст на присутните им се обратија Звонко Шаврески од Полио плус и Силвана Пеншова, активист за работнички права.

 

На настанот посетителите имаа можност да се информираат за граѓанските организации, нивните залагања и постигнувања, како и активно да се вклучат во активностите предвидени за тој ден. Програмата беше богата и разноврсна. Работилници и видео проекции  се одвиваа паралелно во три шатори. Во својата работилница, Центарот за климатски промени ги поттикна младите на отпадот да гледаат како ресурс, а не како загадувач; Сојузот на извидници го промовираше извидничкото движење преку повеќе забавни активности како гаѓање со чатал, водење топче и градење кули со стапчиња и коноп; а преку неколку вежби кои ги истакнаа родовите, религиските и економските разлики на учесниците во работилницата, претставниците на Мултикултура, успешно се осврнаа на некои стереотипи кои е исклучително важно да се надминат во нашето мултикултурно општество.

Хелсиншкиот комитет за човекови права организираше дебата за законот за спречување и превенција од дискриминација каде ги посочија нивните барања: правно признавање на ЛГБТИ заедницата, добивање недвосмислена институционална, законска и политичка поддршка. На јавната дискусија на Локомотива беа претставени неколку модели на развивање јавни простори во културата, преку партиципативно управување со учество на граѓанскиот сектор, со можност да се обезбеди пошироко учество на заедницата.

Имаше и богата содржина за деца составена од работилници за цртање, правење оригами и едукација на различни теми. Во креативното катче се организираа изложбите „Бегалци во сопствената земја“ на Паблик, „Чудовиштата од Скопје“ на Младинскиот образовен форум, како и новата урбана акција на Центарот за современа уметност.

Гараѓанскиот форум беше посетен од огромен број граѓани, кои разговараа со граѓанските организации и учествуваа на јавните дебати, искажувајќи ги своите размислувања и идеи. Форумот се покажа како многу успешен во зближувањето на граѓанските организации со самите граѓани.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор