Rabotilnica INS1

Планирање на организацискиот развој

Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.

Rabotilnica INS1

 

Меѓународниот експерт Ана Василаче ги објасни постапките за подготовка на Планот. Таа се наврати на претходните активности на основа кои треба да биде изграден Планот.

Учесниците во индивудуални вежби, уште на работилницата, започнаа да го пополнуваат Планот за сопствените организации дефинирајќи при тоа кои се позитивните општествени промени што сакаат да ги постигнат на ниво на заенички каузи, практикување вредности, граѓански ангажман, ниво на организација и влијание.

Rabotilnica INS2

Учесниците потенцираа дека целиот овој процес бил коресен за нив. Во текот на процесот, како што истакнаа дел од нив, станале свесни дека првенствено се насочени на спроведување на проектите, а сосема малку или воопшто на организациските прашања кои исто така се значајни за функционирањето на нивните организации. „Добивме корисни алатки за идентификување на проблемите во организациите“, рече Невенка Лонгуровска од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и додаде дека во елаборирањето на животниот циклус на организацијата можеле да идентификуват каде се и кои би требало да бидат нивните идни чекори што потоа им помогнало во стратешкото планирање.

Планот за организациски развој е еден од продуктите што треба да го подготват институционалните грантисти, а кој ќе им помогне полесно да се ориентираат кон остварување на позитивните општествени промени кои ги дефинирале во нивите работни планови.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор