Info sesija akt

Информативна сесија за повикот за акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]

Цивика мобилитас ги поканува на информативна сесија   сите организации заинтересирани да поднесат пријава на третиот повик за акциски грантови. Сесијата ќе се одржи на 16 февруари 2021 година со почеток во 11 часот онлајн, преку платформата ZOOM.

Тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за неговите специфики, за очекувањата од грантистите, за тоа кои трошоци се подобни и што содржи пријавата. Во текот на сесијата може да поставите прашања кои ви се наметнале при подготовката на пријавата.

Прашањата можете да ги поставите и пред сесијата на helpdesk@civicamobilitas.mk или за време на информативна сесија.

Повикот за акциски грантови е отворен до 3 март 2021 г.

Линкот за пристапување:
https://us02web.zoom.us/j/89484408357?pwd=Nnk4WURSK2ZJVUl3ZHZHeTExQmpDZz09
Passcode: 509288

info-sesija-akt-06

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор