ЗЗ Агро Фаланга во посета на прилепското село Мало Рувци по повод традиционалното стрижење на овци

Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ го посети прилепското село Мало Рувци. На покана од сточарот од ова село, Зоран Трајчески, претседателот на здружението Љупче Станковски, сточарот Ѓоке Велков од кавадаречкото село Марино и уште неколкумина сточари од прилепско присуствуваа на стрижење на околу 350 овци. Искусниот Велков им се придружи на прилепските сточари во стрижењето, а домаќинот Трајчески ги организираше сточарите пришто им подели неколку нови машинки за стрижење на овци. Се стрижеше традиционално со ножици, а воедно се испробаа и новите машинки на домаќинот. Гостите вредно работеа, а на крајот беа угостени од добриот домаќин со неизбежното печено јагне.

DSCI2827

DSCI2809

Оваа средба беше можност за поблиско запознавање на сточарите меѓусебе, а воедно им овозможи и простор за размена на искуства во одгледувањето на овци, пришто се заложија за взаемна помош и поддршка.

Љупче Станковски на оваа средба посебно им посвети внимание на проблемите со кои се соочуваат сточарите. Тој ги ислуша до крај нивните излагања. Проблемите се многубројни и горливи, посебно проблемот со ниската откупна цена на јагнето и на млекото кои систематски ја уништуваат оваа сточарска гранка. Ова доведува до колапс на сточарството и до намалување на бројот на грлата во државата. Монополот создаден во откупот на јагнешкото и слабиот откуп и многу ниската цена за млекото како резултат на користење супститути во производството на млечни производи од страна на големите млекопреработувачки капацитети во државата, се главен причинител за замирањето на овчарството кај нас.

DSCI2788

DSCI2810

Станковски на сточарите им ја понуди сета помош и поддршка што здружението може да им ја пружи, притоа нудејќи и модуси за решавање на некои од проблемите. Тој исто така ги поттикна сточарите да се здружуваат во здруженија, бидејќи така здружени се посилни во борбата со проблемите. Иницијативата за формирање на здруженија не е нова, па затоа ЗЗ „Агро Фаланга“ во формирањето на истите им ја нуди својата техничка помош и човечки ресурси на располагање заради олеснување и забрзување на процесот на формирање.

DSCI2826

Целодневната работна средба заврши со позитивни заклучоци и иницијативи кои веќе уште денес почнуваат да се реализираат. Процесите не се лесни, но кога силите се здружени, резултатите побрзо доаѓаат.

 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор