Znm nagradi 21.3.2017

ЗНМ од Истокот ги врачи наградите за најдобрите новинари

Во петокот навечер, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги доделија своите оскари на најдобрите репрезенти од регионот во новинарството, стопанството, здравството, културата, образованието, општествената одговороност, хуманоста, спортот…

ZNM nagradi 21.3.2017

Високото признание за посебни остварувања во новинарството добија Даниела Такева, новинарка на регионалната ТВ Стар, која е проглесена за најдобар новинар-репортер за 2016 година, како и новинарот Горан Лефков, од истражувачката мрежа Скуп за истражувачко новинарство. Награда за посебни остварувања на полето на хуморот и сатирата му беше доделена на Миле Ѓорѓијоски, кој исто така е член на ЗНМ.

Наградите на добитниците на оскарите им ги предадоа претседателот на ЗНМ Насер Селмани и координаторот на центарот „Исток“, Иван Бојаџиски.

Ова е трета година по ред како регионалниот центар на новинари „Исток“ го доделува ова признание на најдобрите во источниот регион.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор