Зелениот ресурсен хаб на терен во с. Ропотово: Заедно за поодржливи и поекономични домови
Од февруари 2025 година, нашиот тим активно работи со жителите на село Ропотово, во рамки на иницијативата за подобрување на енергетската ефикасност и одржливо живеење. Освен советодавните сесии во просториите на Општина Долнени, заедно со локалното население спроведовме индивидуални проценки на енергетската ефикасност на нивните домови и деловни објекти. Проценките се реализираа со помош на специјално развиен прашалник, кој овозможи прецизна анализа на моменталната состојба.



Како резултат на оваа теренска работа, изработивме и доделивме 4 индивидуални планови за енергетска ефикасност за домаќинствата во заедницата. Овие планови содржат конкретни препораки за подобрување на изолацијата, намалување на загубите на енергија и оптимално користење на обновливи извори, со цел намалување на трошоците и унапредување на квалитетот на живеење.


„Со овој план конечно знаеме што можеме да подобриме, а и како да заштедиме. Добивме идеи што никогаш не ни текнало дека можат да направат толкава разлика за сметките и топлината дома.“ — вели еден од жителите на Ропотово, учесник во иницијативата.
Активностите продолжуваат и во наредниот период, со проширување на проценките и изработката на планови за други домаќинства во селото. Со ова, Зелениот ресурсен хаб продолжува да биде партнер на заедниците за поодржливо, поекономично и поздрава животна средина.
Активноста е дел од проектот: „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан.


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51760](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/viber_image_2026-10-01_17-18-23-732-e1791386995528_mcms-768x512.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51688](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/840133774_17959130763235552_502814887244435070_n-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/835640454_10243132301386325_6319941414456541047_n-768x358.jpg)
