Untitled design 11.png

Заедничкиот пристап и стратешките комуникации мора да бидат столбот на борбата против дезинформациите

Градење мостови на соработка. Споделување лекции од различни искуства со злонамерни лажни вести. Креирање на стратешки платформи. Неопходност од стратешко дејствување. Ова се дел од главните заклучоци на втората сесија насловена: „Геополитички преглед на информациските закани – научени лекции од Европа споделени со земјите од Западен Балкан“, што се одржа во рамките на меѓународната конференција во Скопје во организација на Фондацијата Метаморфозис, пишува Portalb.mk.

Марта Турнбул, директорка на Европскиот центар за извонредност од Финска, во својот говор рече дека во последната деценија центарот што таа го застапува спроведе бројни кампањи во борбата против дезинформациите.

„Гледаме различни актери кои споделуваат лажни вести, некои од нив доаѓаат од странство, некои внатре од државите. Русија сè уште останува главен актер во евроатлантскиот регион, но гледаме и актери од Кина. Гледаме зголемување на заканите. Имаме случаи кога Русите создаваат центри во вашата земја и потоа дејствуваат. Борба против овие активности станува сериозен предизвик на кој треба да работиме, да споделуваме информации и да се заштитиме на синхронизиран начин“, рече Турнбул.

Според Бодин Верхоек, од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, имаме штетни закани, манипулативна содржина, координација и намерна манипулација.

„Истакнуваме на кои информации треба да одговориме и да дејствуваме. НАТО и сојузниците ќе продолжат да соработуваат меѓусебно, да се спротивстават навреме. Имаме стратешки концепт и на кинески и на руски, за да бидеме присутни за публиката што зборува на ист јазик. Ако не ја раскажеме нашата приказна, другите ќе ја кажат наместо нас. Покренавме кампања во Украина и ја поддржуваме континуирано“, нагласи Верхоек, додавајќи дека стратешките комуникации треба да бидат столб на борбата против дезинформациите.

Никој не може да дејствува сам. Имаме и многу партнери. Важна е денешната конференција, да размениме научени лекции, да си помагаме еден на друг“ додаде гостинката.

Санда Светока, висок експерт на НАТО СтратКом од Латвија, во својот говор ги истакна искуствата од нејзината анализа.

Отсекогаш сме биле на радарот на Русија, но тоа не научи многу за тоа како да се справиме со овие прашања. Создадовме база на знаење за тактиките на Русите и за тоа какви тактики користат во регионот. Правиме редовна размена на информации за негативните актери. Развивме добра основа за непријателските наративи. Од 2020 година почнавме да се фокусираме не само на активностите на Русите, туку и на Кинезите во регионот. Споделувањето информации е клучно. Целите на непријателите се слични за секоја земја. Идејата е да се координираме за да им се спротивставиме, оцени Светока.

Според Катарина Клингова, висок соработник во ГЛОБСЕК, Словачка, градењето отпор е процес, нешто што треба да биде олеснето и од државата и од граѓанското општество.

„Невладините можат да работат најмногу, тие се по флексибилни, имаат различни платформи и соработка. Потребна ни е соработка на сите државни актери. Треба да создаваме простор, експертите да го споделат своето искуство. Некои прават, но некои немаат простор“, рече Клингова.

Холандска ескпертка пак, зборуваше за важноста научените лекции да се анализираат и да се споделат.

„Ние споделуваме информации за креаторите на политиките да можат да градат политики. Треба да се извлечат лекции, да се анализираат лекциите и да се споделат. Разбирањето е исклучително важно. Потоа доаѓа флексибилноста и мултидисциплината“, нагласи Лаура Јаспер – стратешки аналитичар, HCSS, Холандија.

„Руските дезинформации сакаат да ја оправдаат нивната окупација и да се претстават како бранители. Оваа реторика продолжува и денес. Треба да се фокусираме на земјите кои се цел на Русија. Анализирајте ги наративите на Русија, следете ги технологиите што се користат за споделување злонамерни информации и креирајте мрежи и соработки на организации за проверка на факти. Властите и,сто така, мора да соработуваат и да ги блокираат овие пораки кои ја загрозуваат јавната безбедност. Целта не е само да се откријат каналите за лажни вести, туку и да се казнат, иако тоа е тешко“, рече, меѓу другото, Соња Димитрова-Мартинјук, уредник на StopFake, од Украина.

Проверувачи на факти, новинари, истражувачи, креатори на политики и лидери на граѓанското општество од целиот Западен Балкан и Европа денеска и утре во Скопје, како дел од меѓународната конференција организирана Фондацијата Meтаморфозис, ќе ги споделат научените лекции и искуства за борбата против дезинформации, а ќе работаат и на создавање мрежа која ќе биде платформа за борба против злонамерните лажни вести и ќе ја едуцира јавноста како да се заштити од нив.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор