[Aggregator] Downloaded image for imported item #51466

Втор ден студиска посета – практично знаење и искустви

Вториот ден од Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат aроматични лековити билки“ го посветивме на практично учење и размена на искуства директно на терен.
Учесниците од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ја посетија Општина Градско, каде што имаа можност да ги посетат насадите со лековити и ароматични билки и одблизу да се запознаат со нивното одгледување и одржување.
Во текот на практичниот дел беа демонстрирани различни техники поврзани со одгледувањето на билките – подготовка на почвата, садење и правилно распоредување на растенијата, како и основните начини на нивно одржување.
Посебно внимание беше посветено на лавандата, преку практична демонстрација на подготовка и правење резници, како еден од начините за нејзино размножување. Учесниците имаа можност директно да се запознаат со процесот и да разговараат за условите потребни за успешно вкоренување и развој на нови растенија.
На самите насади се разговараше и за препознавање на различните фази на развој на растенијата, контрола на плевелите, природни методи за заштита, потребите за наводнување и одржување, како и препознавање на соодветниот период за берба.
Практичниот дел продолжи со демонстрација на бербата и правилното ракување со растенијата по бербата, вклучително и нивно чистење, сортирање и подготовка за понатамошно сушење и обработка.
Целиот ден беше исполнет со практична работа, прашања, дискусии и размена на искуства за одгледување, одржување и обработка на лековити и ароматични билки.
Најголемата вредност на овој ден беше можноста знаењето да не остане само во теорија, туку да се примени директно на насадите – преку работа со растенијата, споделување искуства и учење едни од други.
Благодарност до Western Balkans Fund и Европската Унија за поддршката и можноста преку овој проект да создаваме знаење, практични вештини и нови можности за лицата со попреченост.


The post ВТОР ДЕН STUDY VISIT – ПРАКТИЧНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор