Во интервју за ТВ Сител, Благица Петрески зборува на актуелни економски теми
Во интервју за ТВ Сител, Благица Петрески зборува на актуелни економски теми. Интервјуто може да се погледне овде.
Во интервју за ТВ Сител, Благица Петрески зборува на актуелни економски теми. Интервјуто може да се погледне овде.
Date:
28/04/2025
Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји. Проектот е […]
Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји.Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и има за цел да ја поддржи зелената транзиција на европските МСП преку развој на нови профили на „Зелен лидер“ и иновативна обука за едукатори и бизниси.Македонскиот партнер во проектот е Еко Логик, кој активно учествува во сите активности и придонесува кон градење на поодржлива и поконкурентна економија во Европа.Следете нè за повеќе информации и наредните чекори на GreenLead!
OTHER Publications for adults
Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
Read more
Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа. Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција. Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во […]
Read more
The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]
Read more
По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]
Read more
Со влегувањето во 2025 година, проектот InterGreen продолжува со активностите за промоција на одржливоста и зајакнување на зелените вештини на општинските службеници во шест европски држави: Португалија, Италија, Франција, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Еразмус+, а неговата цел е да им помогне на општините да […]
Read more
Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас. Што содржи водичот? Водичот ги опфаќа следниве теми: Достапност и јазици Водичот е достапен […]
Read more
Во рамки на проектот „Надзор и цензура во Западен Балкан“ финансиски поддржан од БИРН – Балканска истражувачка репортерска мрежа и од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, беше спроведена кампања „Дали знаеш дека те следат?“ на социјалните мрежи.
Целта на кампањата е подигнување на свеста за начините на надзор и цензура. Кампањата детално ги опишува клучните аспекти на надзор и цензура од страна на државни и други актери во земјите на Западен Балкан и нивните краткорочни и долгорочни последици врз маргинализираните и ранливите групи, како и на сите граѓани во општеството.
Компанијата „Пакомак“, која веќе 15 години се занимава со селекција и преработка на отпад од пакување, се сретна со претставници на граѓански организации поддржани од Цивика мобилитас за да ја зајакнат соработката и да го подобрат системот за селекција на отпадот. Средбата се одржа на 24 април 2025 година во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Претставникот на „Пакомак“, Ико Брдароски, презентираше тековните активности, потенцирајќи ги инвестициите во инфраструктура и едукација на граѓаните за значењето на рециклирањето. Еден од клучните проекти на компанијата е воспоставувањето смарт систем за управување со отпад од пакување, во соработка со Швајцарската амбасада. Проектот трае 38 месеци и подразбира инсталација на 70 вендинг машини за поврат на амбалажа, како и развој на софтвер и сензори за мониторирање на исполнетоста на контејнерите.
„Пакомак соработува со 68 општини во земјава, што е околу 80% покриеност на национално ниво. Во моментов, сите 1700 контејнери со кои располагаат имаат вградено сензори кои сигнализираат колку се исполнети, што овозможува оптимизација на рутите за собирање на отпадот и намалување на трошоците“, истакна Брдароски, дополнувајќи дека Македонија е првата земја во Европа со 100% покриеност со ваков смарт систем. Тој додаде дека е планирано дополнително поставување на 80 вендинг машини во наредните три до четири години. „Кога бројот на вендинг машини ќе достигне 200, системот ќе премине од сегашниот модел со ‘зелени поени’ на паричен депозит, модел кој веќе успешно функционира во многу западноевропски земји“, рече Брдароски.
Покрај инвестициите во инфраструктурата, „Пакомак“ спроведува и низа активности за едукација и подигнување на јавната свест преку рекламни и промотивни материјали во маркети, училишта и шопинг центри. „Иако законски буџетот за едукативни активности е ограничен на 5-15%, потребна е синергија со локалните компании и организации за ефикасно ширење на еколошката свест“, потенцираше Брдароски.
Претставниците на граѓанските организации посочија дека е неопходна подобра координација помеѓу комуналните претпријатија и општините, особено за унифицирање на регионалниот пристап кон отпадот. Бојана Станојевска од Центарот за климатски промени истакна дека „примарната селекција на пластика треба постепено да се воведува во сите домаќинства, паралелно со воведувањето на вендинг машините“, додавајќи дека проектите финансирани од Цивика мобилитас активно работат на создавање навики за селекција и примарно сортирање кај граѓаните.
Како успешен пример за ангажираност на малите општини во селекцијата на отпадот беа наведени Крива Паланка, Босилово и особено Берово, каде според Брдароски, „околу половина од домаќинствата активно ги користат контејнерите“.
Емилиа Героска од организацијата Про Локал предложи интензивирање на соработката со училиштата од Пелагонискиот регион, додека Јасмина П. Нешкоска од Еко Логик предложи „да се размисли за креативни начини за анимација на учениците и повторно активирање на машините кои се поставени во училиштата, но не се користат доволно“. Претставниците на организациите се согласија дека добар начин за мотивирање на учениците организирање натпревари помеѓу училиштата за најдобри резултати во селектирањето и рециклирањето на отпадот.
„Месечно добиваме по 1000 нови корисници на вендинг машините, без да го зголемиме нивниот број. Тоа е доказ дека интересот кај граѓаните постои, само треба дополнително да се поттикне и навиките да останат“, заклучи Брдароски. Во таа насока е и воведувањето на оптичка линија за селекција на отпад, со поддршка од Швајцарската влада. „Денес селекцијата е мануелна и достигнува капацитет од околу еден тон дневно. Со новата автоматска линија ќе можеме да селектираме и до 10 тони отпад на ден“, истакна Брдароски.
Учесниците ја завршија средбата со договор дека ќе ги продолжат дискусиите за време на претстојната Средба за вмрежување, и ќе отвораат можности за нови соработки во областа на управувањето со отпадот и заштитата на животната средина.
Следно >
Поврзани:
Во периодот од 25-27 април 2025 год. во месноста Катлановска Брезница, Скопје се организираше 52 меморијал “Марко Граорковски“ во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје. На оваа извидничка акција учество земаа повеќе од сто извидници од Република Македонија и претставниците на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес. Тие…
Денес во Finance Think имавме чест да го удостоиме Амбасадорот на Република Казахстан, н.е. Сатибалди Буршаков, заедно со советникот г. Каират Ахметалим.
Посетата се одржа со цел продлабочено запознавање со активностите на Амбасадата во домените на економијата и енергетиката, како и претставување на нашата работа и #истражувачки фокус.
Разговаравме за можностите за идна #соработка и размена на искуства, со заедничка амбиција за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.
Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, на 24 април 2025 година, Фондацијата Метаморфозис организираше еднодневна обука на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“.
Обуката се одржа во просториите на Фондацијата Метаморфозис во Скопје и собра претставници на граѓански организации и медиуми. Настанот започна со регистрација и неформално вмрежување, по што следеше воведна сесија посветена на основите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Service Act – DSA) и неговите главни принципи на транспарентност, одговорност и заштита на корисниците, како и неговото влијание врз слободата на изразување и дигиталните права.
Во продолжение на обуката, беа претставени клучните наоди од истражувањето за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија, со посебен фокус на предизвиците и ризиците врзани со дигиталните платформи, доверливите пријавувачи и алгоритамското модерирање.
Во последниот дел од обуката, учесниците работеа во групи на формулирање предлози и приоритети за застапување во контекст на имплементацијата на Законот за дигитални услуги на ЕУ во Северна Македонија.
На самиот крај, обучувачките проф. д-р Елизабета Тошева и проф. д-р Ана Секуловска Ј. ги презентираа препораките од истражувањето и заедничките заклучоци и следните чекори.
Настанот имаше интерактивен карактер и овозможи плодна дискусија и размена на знаења, искуства и идеи за тоа како граѓанското општество и медиумите можат проактивно да се вклучат во процесот на усогласување со европските дигитални регулативи.
Истражувањето „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“, кои воедно го спроведоа обучувачките во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, е достапно на следниот линк.
Проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in TechKosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.