Uranija 2 768x355 1.jpg

Важноста на родовата еднаквост за спречувањето на насилството врз жените

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство  денеска (29 ноември) организираше панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречувањето на насилството врз жени и девојчиња. Преку различните излагања на панелистките беа опфатени неколку аспекти на родовата еднаквост, кои се основни предуслови за намалувањето на насилството врз жените.

Ана Бојчевска Митревска од Реактор зборуваше за родовиот јаз во платите и пензиите.  Потоа, Уранија Пировска, извршна директорка на  Хелсиншкиот комитет за човекови права се осврна на работничките права на жените. Неда Чаловска Димовска говореше за пристапот до права и услуги на жените земјоделки,  за фактичката состојба со заштита и поддршка на жените жртви зборуваше Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени. Климентина Илиевска од „Паблик“,  ја објасни праксата на  социјалното менторство и економското јакнење на жените.

На панел дискусијата беа соопштени поразителни факти за состојбата со родовата еднаквост и нејзината директна поврзаност со насилството врз жените. Се зголемува јазот во платите меѓу мажите и жените, разликата во просечната заработувачка меѓу мажите и жените разоткрива специфичности кои укажуваат на дискриминација на жените на пазарот на трудот.

Постоењето на еднаквост меѓу мажите и жените во РС. Македонија е само флоскула, таа се’ уште не постои, затоа што жените и мажите немаат  еднакви можностите, беше кажано на дискусијата.

Една од најзагрозените категории жени се земјоделките кои тешко остваруваат право на породилно отсуство, работат во неформалната економија и се грижат за децата и токму економскиот аспект ги ограничува да го пријават насилството, кое во руралните средини се’ уште се смета за приватна работа.

Центрите за социјална работа и полицијата кои се првите на кои треба да им се обратат жртвите на родово базираното насилство немаат доволно ресурси за да постапуваат  со должно внимание, сигурните куќи нудат само привремено засолнување на жртвите на насилство,  државата нема механизми за економско зајакнување и жените жртви често се враќаат кај насилникот затоа што немаат друг избор. Како позитивен пример беше издвоен проектот со социјалното менторство кое им овозможува на жените да најдат работа, да се осамостојат и да го пресечат кругот на насилството.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор