LEAD1

Успешна акција за чистење на Водно

LEAD1Движењето ЛЕАД по третпат спроведе акција на чистење на падините на Водно. Групата млади од различна етничка припадност се собра на Средно Водно, од каде што ја започна акцијата за собирање отпадоци под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите, облечени во маици со ова мото, имаа поддршка и од присутните граѓани кои веќе се наоѓаа на Водно.

LEAD1

Покрај расчистувањето на планината, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор