Sesija 2.jpg

Успехот во борбата со дезинформациите зависи од сеопфатен пристап на целото општество

Проверката на фактите е суштинска, но недоволна сама по себе. Потребен е повеќеслоен пристап кој комбинира проверка на факти со медиумска писменост, соработка меѓу медиумите, невладиниот сектор, но и владините институции. Односно, сеопфатен пристап на целото општество кон справувањето со дезинформациите. Ова беше една од главната идеја која се издвои во вториот дел на конференцијата насловена како „Заеднички за вистина: Сеопфатен пристап на целото општество кон заштита на демократијата“, организирана од Фондацијата Метаморфозис по повод на Меѓународниот ден на проверката на факти

На сесијата „Демократијата во ризик: проверка на факти и модерација на содржини на социјалните медиуми — соочувуање со предизвици преку создавање погодна средина“ се расправаше за состојбата со проверката на факти во државите од Западниот Балкан. Јона Плумби, од организацијата за проверка на факти Фактоје, истакна дека Албанија е особено ранлива на дезинформации.

Не сме подготвени да се спротивстави на дезинформациите. Пробуваме да се спремиме за парламентарните избори во мај, но не е доволно. Потребен е повеќеслоен пристап на проблемот“ изјави Плумби.

Токму затоа, како што напомена Плумби, Фактоје започна соработка со Универзитетот во Тирана за да интегрираат медиумската писменост во образованието, бидејќи нивото на медиумска писменост е на многу ниско ниво. Плумби се осврна и на друг проблеми, како да се допре до публиката која не е заинтересирана за точните информации, односно оние кои консумираат кратки содржини како тие на ТикТок. „Кога пишувавме долги анализи за дезинформации околу мигрантите во Албанија, дали некој беше заинтересиран? Не. Најмногу активност имавме на видеа долги 40 секунди“ рече Плумби.

На ова се надоврза Маида Ќулаховиќ, од „Зошто не“ од Босна и Херцеговина со нивното искуство. Преку сервисите за проверка на факти „Истиномер“ и „Раскринкавање“, тие пробаа заедно со платформите да го адресираат проблемот следејќи го кодот за пракса но без успех:

Без чиста законска регулатива, ништо нема да прават платформите, односно доброволно да ги спроведат мерките за адресирање со дезинформациите. Последните избори пробавме да работиме со платформите за објави и содржини што се косат со кодекс на користење [на платформите на Мета], незаконски содржини или оние што се во спротивност на изборниот законик и имаше многу мала респонзивност. Од 119 пријавени содржини, одговор добивме за само 25 од нив. А само 3 беа отстранети, но само откога апелиравме на иницијалната одлука“, сподели Ќулаховиќ.

На истата тема продолжи и Начо Стригулев, од Блу Линк, Бугарија, велеќи дека не може да се потпираме на платформи да го бранат информацискиот простор, бидејќи тие, на крајот на денот се профит-ориентирани компании:

Платформите немаат проблем да се трансформираат во оружје против демократијата и демократскиот поредок бидејќи таквата содржина носи кликови и интеракција на содржината. Од друга страна, преку тоа тие остваруваат профит.

Стригулев, понатаму, спомена дека ваквите алгоритми се насекаде и ја цитираше Алекандра Гис велеќи дека треба ваквите алгоритми [на пример:„За тебе“ страниците] да се регулираат, и да се исклучуваат за време на предизборни периоди. Стригулев, исто така, обрна внимание кон разни четботови кои користат технологија базирана на вештачка интелигнеција (ВИ), и кажа дека меѓу 6 до 50 отсто споделуваат дезинформации за кои знаеме дека се поврзани со Кремљ, вклучувајќи и споделување на извори од Правда мрежата на страници. Мрежата на која беа публикувани астрономски 3,6 милиони написи само во 2024 година.

Последната говорничка беше Деспина Ковачевска, од Фондацијата Метаморфозис и ја заокружи оваа дискусија со критички осврт кон говорот на омраза и како е поврзан со дезинформациите:

„Преку говорот на омраза се оправдуваат дезинформациите, се зголемува стигмата и пристрасноста. А, особено кога имаме непрофесионални медиуми кој бркаат кликови и профит наместо темелно да ги проверуваат фактите, тогаш имам голем проблем“, сподели Ковачевска.

На крај, имаше консензус дека Законот на дигитални услуги е најдобриот пат за усогласување на матичните законите во процесот на пристапување кон Европската Унија. Овој процес не треба да биде направен проформа, туку да биде инклузивен и транспарентен процес, особено ако сакаме големите платформи да го сфатат овој регион посериозно – се согласија говорниците.

Од последната сесија од првиот ден од меѓународната конференција на Метаморфозис Фото: Ванчо Џамбаски

Бизнисот, понекогаш, знае да покаже интегритет

На последната дискусија на конференцијата фокусот беше на „Бизнис случајот за интегритетот на информациите“. Воведни белешки даде модераторот на дискусијата Драган Кремер, експерт за медиуми, кој истакна неколку примери како од Србија така и од Обединетото Кралство, посебно од весникот Сан и страницата Брајтбарт во САД кои што почна да губат огласувачи (односно компании што се рекламираат во нивните медиуми), заради содржината што тие ја објавуваат. Компаниите јавно се откажаа од рекламирање, што воедно го користеа како своевидена алатка за ПР за презентирање зад кои вредности стојат. Односно, заради кои вредности не сакаат да ги поддржат или да бидат воопшто поврзани со Брајтбарт и Сан, кои ширеа дезинформации, расистичк и ксенофобни содржини.

Раша Недељков, програмскиот директор на српската Црта, се надоврза на ова со примерот на Хепи телевизија, каде речиси истото се случи. Повеќе брендови ги откажаа своите реклами од медиумите коишто многу очигледно споделуваат лажни вести, манипулирана содржина – особено содржина поврзана со војанта во Украина.

Но, влијанието не е ограничено само на домашните компании и брендови, туку и на интернационалните. Марко Милосављевиќ, професор од Универзитет во Љубљана, објаснува дека рекламите од интернационалните огласувачи може да бидат нож со две острици.

Како што функционира ова за оние компании кои се борат против проблематични содржини, така има и онакви кои промовираат говор на омраза. Што ќе се случи во ЕУ и Западен Балкан, големите платформи ќе почнат да гасат реклами од медиуми кои се залагаат за проверка на факти, транспарентност и точност? Ќе има огромни последици по медиумскиот екосистемпосочи Милосављевиќ.

Тој го сподели примерот на компании кои не се согласуваат со политиките на администрацијата на Доналд Трампи истите може да бидат заплашени и да намалат со своите реклами, а парите може да се пренасочат кон медиуми кои ширате дезинформации и „креваат паника“.

Претседателка на Европската федерација на новинари, Маја Север се осврна кон друго рекламирање од самите држави и влади, кои можат да бидат најголем извор на приходи за медиумите. Според Север, отсуствуваат транспарентни критериуми за владиното рекламириња и тоа се покажало и во истражувањето при што јавните средства се концентрирани само на неколку етаблирани медиуми, а независните медиуми не добиваат „ниту денар“.

Ова се должи не толку поради содржината што ја објавуваат, туку поради уредничката независност што ја имаат медиумите. Треба да најдеме начин како да воспоставиме одговорното рекламирање да биде норма, а не исклучоккажа Север.

Завршни зборови имаше Владимир Петрески, главениот уредник на Вистиномер. Тој потенцира овие работи може да се толкуваат преку изреката „гласај со својот паричник“, односно да се прават избори според тоа што е финансиски најисплатливо. Петрески го посочи примерот на Х (поранешен Твитер) велејќи:

Компанијата (Х) се нема [финансиски] опоравено откога Елон Маск ја презеде. Комапнии почна масовно да ги бојкотираат одлуките за модерирање на содржината, по што Маск се обиде ги тужи огласувачите.“

Но, потенцира дека друга е ситуацијата во Македонија, бидејќи ваков бојкот може да се (зло)употреби како причина за тужба, односно може да биде протолкувана како навреда, нарушување на углед, преку т.н СЛАП тужби. А, од друга страна, друг проблем се лавината од дигитални и интернет измами кои се појавија на македонските социјални медиуми: „гледаме лажни реклами и гледаме дека има на различни јазици низ цел регион, најчесто за медицински лекови“, вели Петрески. Но, проблемот со измамите е што веднаш откако ќе бидат рецензирани, ги снеммува и нови се појавуваат – индикатор дека имаат добри канали каде може да ги продаваат информациите на дата брокери или едноставно да крадат пари од корисниците.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор