Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“
На 16 октомври, во Големата сала во Општина Прилеп, Станица ПЕТ заедно со Национален демократски институт на Северна Македонија, организираше Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“.
Настанот се фокусираше на застапување за креирање на општински мерки и политики кои ќе вклучуваат аспекти на меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот, а се наменети за решавање на проблемите и предизвиците на младите на локално ниво.
На собирот зедоа учество околу 30 учесници – клучни чинители во процесот на застапување за креирање на инклузивни локални политики кои промовираат меѓуверски соживот и толеранција, како што се: претставници на локални граѓански организации, претставници на Општина Прилеп, младински активисти и верски лидери. За време на настанот се истакна значењето на активната дискусија за зајакнување на меѓуверската и меѓуетничката соработка и имплементацијата на овие аспекти во локалните младински политики. За време на дискусијата се стави акцент и на промоција на начини за градење на поинклузивен локален младински совет кој виситински би ја рефлектирал различноста на заедницата и како да се подобри соработката помеѓу општините, граѓанското општество и организациите во насока на креирање на политики водени од младите и промовирање на меѓуверска и меѓуетничка толеранција.



🔑 Клучна порака: Посилната соработка помеѓу општинските администрации и граѓанското општество е од витално значење за унапредување на инклузивни и младински ориентирани политики на локално ниво. Заедно, градиме мостови за пообединета иднина!



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51760](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/viber_image_2026-10-01_17-18-23-732-e1791386995528_mcms-768x512.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51688](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/840133774_17959130763235552_502814887244435070_n-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/835640454_10243132301386325_6319941414456541047_n-768x358.jpg)
