Средба НБ – ОПМ: Преку соработка со граѓанскиот сектор до повисока свест за ризиците од климатските промени

Средба НБ – ОПМ: Преку соработка со граѓанскиот сектор до повисока свест за ризиците од климатските промени

Преку инклузија и соработка со граѓанскиот сектор може да се јакне свеста на граѓаните за ризиците од климатските промени и тие да се вклучат како активни чинители во зелената транзиција. За таа цел, тимот на Народната банка, предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со претседателката на Организацијата за потрошувачи (ОПМ), Маријана Лончар-Велкова, како и со претставници на ОПМ. На состанокот беа презентирани активностите коишто ги презема Народната банка за поддршка на зеленото финансирање, како суштински сегмент од зелената транзиција, додека, пак, ОПМ ја истакнаа својата заложба за јакнење на свеста на потрошувачите.

На средбата беше посочено дека зголемената свесност за климатските промени и придонес за зелена одржлива економија е една од стратегиските цели на Народната банка, којашто од март 2021 година е и членка на Мрежата за зелен финансиски систем (НГФС), меѓународна мрежа од 150 централни банки и финансиски супервизори, како и на Групата на Виенската иницијатива за климатски промени. Во рамките на покрупните активности на ова поле спроведени досега од страна на централната банка беа посочени спроведувањето на анкетата кај банките и штедилниците за климатските промени и објавувањето на податоците за зелените кредити, како основа за донесувањето на Среднорочниот план на активности за управување со ризиците поврзани со климатските промени 2023 − 2025. Народната банка веќе започна со спроведувањето на активностите предвидени во овој план преку усвојувањето на Насоките за управување со ризиците поврзани со климатските промени и објавувањето на првата анализа за изложеноста на домашниот банкарски систем на ризиците поврзани со климатските промени (во последниот Извештај за финансиската стабилност во 2022 година).

Во рамките на Среднорочниот план, покрај донесувањето на насоките за банките за управување со ризиците поврзани со климатските промени, се предвидува и унапредување на супервизорските практики и методологии со вклучување на ризиците поврзани со климатските промени, стрес-тестирање коешто се однесува на климатските промени, изработка на анализа на влијанието на климатските промени врз активностите на Народната банка и продлабочување на анализите на банкарскиот систем поврзани со овие ризици, како и развивање Политика на одржливост и преземање активности за градење на капацитетот на Народната банка.

ОПМ искажаа поддршка за заложбите на Народната банка и нејзиниот придонес за зелена одржлива економија, а и двете страни изразија интерес за натамошна соработка и на ова поле.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор