1

Соработници на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator

Успешните приказни започнуваат со можност да се учи од најдобрите.

Со гордост ви ја претставуваме една од компаниите-партнери на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator, која ги отвори своите врати за нашите учесници и им овозможи практично job shadowing искуство.

Слаткарницата Дизниленд Трејд од Прилеп е семејна слаткарница со долгогодишно искуство и посветеност во создавање на уникатни слатки производи за сите свечени пригоди.
Во нашата понуда се вклучени свадбени, свечени и роденденски торти, визитарски слатки, слатки маси, како и различни пијалаци, изработени со квалитетни состојки и внимание кон секој детал.

Преку ова искуство, младите имаа можност да се запознаат со реалните работни процеси, да стекнат нови знаења, да поставуваат прашања, да учат од професионалци и да добијат инспирација за развој на сопствените бизнис идеи.

Веруваме дека токму ваквите соработки создаваат нови можности за младите и придонесуваат кон развој на посилни локални заедници.

Благодарност до компанијата за довербата, поддршката и посветеноста во инвестирањето во младите!

Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA Europe со финанскиска поддршка од AFD France во Република Северна Македонија координиран од ALDA Balkans.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младите можат

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор