Прва симулација на СОР26 во државата и пошироко каде ќе учествуваат 20 млади амабасадори за климатски промени кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија. 

Овогодинешната СОР26, ќе се одржи во ноември, Глазгов, Обединетото Кралство, додека симулацијата ќе биде онлајн на 20/2/2021каде ќе присуствуаат и релевантни носители на одлуки од реалниот живот. Деталната агенда на симулацијата и говорниците ќе ги дознаете наскоро.

Вашиот интерес да ја следите конференцијата и да ги добиете подготвителните материјали пријавете го со пополнување на формуларот

Симулацијата на СОР26 се реализира во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени поддржан од Британска амбасада во Скопје.