Rezime Ekonomska Analiza Alb.jpg

Резиме од економската анализа на Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата

  • Од 65,360 милиони денари, колку што изнесува буџетот за Програмата за партиципација за 2024 година, само 10 милиони денари се алоцирани за партиципација за породување и партиципација за специјалистичко-консултативно и болничко лекување на доенчиња. Притоа за родилки единствено е вклучена партиципација за породување (6 милиони денари), додека за доенчињата се покриени специјалистички лекарски прегледи на доенчиња; ортопедски лекарски преглед со ЕХО преглед на доенчиња и лекување на доенчиња до една година во болнички услови (4 милиони денари).
  • Министерството за здравство во самото планирање не обезбедува доволно средства за плаќање на партиципација за сите породувања. Во Програмата за 2023 година и за 2024 година обезбедени се 6 милиони денари, односно средства за покривање на партиципација за само 2.850 жени.
  • Во 2023 година во Република Северна Македонија има 16.737 живородени деца. Оттука може да се заклучи дека преку Програмата Министерството за здравство во континуитет генерира долгови спрема јавните здравствени установи каде што се вршат породувања, бидејќи планира партиципација само за 17% од породувањата.
  • Во Програмата за 2023 година планирани се средства за покривање на партиципација за само 12.500 лекарски ортопедски преглед со ЕХО преглед на доенчиња до 1 (една) година. Земајќи предвид дека во 2023 година има 16,737 живородени, очигледно е дека преку Програмата Министерството за здравство генерира долгови и за овие здравствени услуги.
  • Во оваа Програма до 2023 година неосигурените лица се опфатени само од аспект на партиципацијата на здравствените услуги за родилките и доенчињата, а не се опфатени од аспект на останатиот дел од трошокот на здравствената услуга. Меѓутоа, неосигурените лица се изоставени во Програмата за 2024 година.
  • Се бележи отсуство на транспарентност и отчетност за спроведување на Програмата бидејќи за оваа Програма има последно објавен извештај за реализација за 2019 година, а во линкот за 2020 година е поставен извештај за партиципација на пензионерите.
  • Од последно расположливиот извештај, воопшто не може да се оцени колку услуги во кои јавни здравствени установи се покриени преку програмата, колку неподмирени долгови се преостанати, ниту може да се увиди во кој износ се покриваат долгови од претходните години.

Резиме од економската анализа на Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата

Rezyme e analizës ekonomike të Programit për participim në përdorimin e mbrojtjes shëndetësore për sëmundjet e caktuara të qytetarëve dhe mbrojtjes shëndetësore për nënat dhe foshnjat  (верзија на албански)

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор