Работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство

Последниот квартален состанок за МТЗ за 2023 година беше надграден во дводневна работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, кои ги координира ЕХО. Работилницата се реализираше во периодот од 8 – 9 ноември 2023 година во Охрид.
Учесниците – претставници од сите мултисекторски тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, како и стручни соработници од општините Штип, Прилеп, Струмица и Гевгелија имаа можност за меѓусебно запознавање и вмрежување, истовремено стекнувајќи знаења и вештини за градење и развој на мрежи, тимска работа и ефикасна комуникација. Работилницата изобиливаше со интерактивни сесии и забавни тимски вежби кои на професионалците од релевантните институции им овозможија спонтана размена на информации, знаења и искуства што ќе им послужат за унапредување на меѓусебната соработка и координација во самите тимови, но и помеѓу тимовите од различни општини. Работилницата претставуваше и исклучителна можност за јакнење на довербата помеѓу претставниците на МТЗ и стручните соработници од различните општини, што е неопходен предуслов за ефикасна меѓусебна координација која води кон унапредување на ефикасноста во заштитата на жените и девојките изложени на насилство во општините и регионите каде делуваат овие тимови.
Работилницата е дел од серијата работилници и обуки наменети за јакнење на капацитетите на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство, како и стручните соработници на ЕХО, во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без родово базирано насилство” поддржани од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Едукативно хуманитарна организација – Ехо

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор