MM Q2 2026 banner

Прочитајте го нашиот најнов Макро-монитор 15(2)

Економската активност забрза, но забрзувањето е во голема мера поттикнато од буџетски трошења

Во вториот квартал од 2026, растот на БДП забрза на 4.3%. Ова е прв квартал со раст над 4% по пост-пандемиските квартали од 2021 година. Во овој квартал, растот е доминантно  воден од градежништвото (21.9%), што на расходната страна се рефлектира и преку висок раст на бруто инвестициите (16.5%). Солидни стапки на раст остварија и индустријата (3.9%) и трговијата (4.1%), а на расходната страна личната потрошувачка (3.3%) и извозот (10.4%). Оваа особено солидна динамика на растот е сврзана со најмалку две критични тенденции. Прво, градежништвото е главно водено од растот на нискоградбата (48.9%) и специјализираните градежни работи (61.5%), што може да се припише на изведбата на капиталните инвестиции на државата, на национално и локално ниво. Оваа активност е клучна за растот, но е проследена со висок буџетскиот дефицит (7.1% во првата половина од годината). Второ, растот на личната потрошувачка и понатаму е одраз на растот на доходите, покрај од платите (номинален раст 7.3%), и кредитите на домаќинствата (12.1%), и на големиот раст на пензиите во последните две години, што доведе до притисоци врз пензискиот буџет (во првата половина од 2026, тој е натреализиран на ниво од 55%). Со тоа, растот на БДП, во значајна мера, иако не целосно, е индуциран од буџетска потрошувачка која оневозможува доволна фискална консолидација.
Невработеноста во вториот квартал од 2026 остана иста, 11.3%, проследена со слична вработеност и иста активност на населението. Со тоа, пазарот на труд остана во зона на интензивна летаргичност, односно тој не реагира на растот на БДП. Неформалната вработеност понатамошно порасна, од веќе високите 13.3% од вкупната вработеност на 14.3%, и може да претставува важен – иако не единствен – показател дека особено-високото ниво на сива економија – и веројатно особено во градежништвото – не се намалува.
Во вториот квартал од 2026, инфлацијата порасна на 4.6% на годишна основа (од 3.7%), но ова беа главно ефекти од ниска споредбена основа (претходен период кога во сила беа мерки за ограничување на маржи и цени). Сепак, траењето на конфликтите на европско тло и на Блискиот исток, а на домашен терен притисоците врз буџетскиот дефицит, налагаат особена внимателност во поглед на динамиката на цените од страна на монетарната и фискалната политика.
Растот на економијата се очекува да се задржи во текот на 2026, главно воден од домашните фактори. Проекцијата на Finance Think за растот на БДП во 2026 изнесува 3.5%, а за инфлацијата 4.1%.

The post Прочитајте го нашиот најнов Макро-монитор 15(2) first appeared on Finance Think.

The post Прочитајте го нашиот најнов Макро-монитор 15(2) appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор