Претставник на АКТИВО избран за член на Локалниот младински совет на Општина Велес
Со особена гордост ја споделуваме веста дека Андреј Божиновски, претставник на Центарот за активни граѓани АКТИВО, е избран за член на Локалниот младински совет на Општина Велес.
Изборот на Андреј претставува признание за неговата посветеност, активизам и континуирана заложба за унапредување на младинските права и интереси на локално ниво. Уверени сме дека со своето искуство, енергија и визија, тој ќе придонесе за креирање на политики и иницијативи кои ги одразуваат потребите и гласот на младите.

АКТИВО останува цврсто посветен на поддршката на младите во нивната борба за подобра и поправедна иднина. Ова е уште еден чекор кон зајакнување на младинското учество и влијание во локалната заедница.
Повеќе информации за формирањето на Локалниот младински совет на Општина Велес
This post was originally published on this site





![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/post-generic-image-1-768x461.jpg)
