[Aggregator] Downloaded image for imported item #41330

Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот го спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка од Expertise France преку Agence Française de Développement (AFD).

Во рамки на проектот предвидено е организирање на шест дводневни обуки. За таа цел, ве молиме да ни испратите понуда по следните барања и спецификации.

  1. Општи информации

Период на одржување:

  • Првата обука 4-10 мај во Тетово
  • Втората обука 18-22 мај Куманово
  • Третата обука 1-15 јуни Св. Николе и Штип
  • Четвртата обука 7-11 септември во Прилеп
  • Петтата обука 21- 25 септември во Битола

Број на лица за сместување 4 лица, работен простор за максимум 30 лица за работниот дел.

  1. Хотелски услуги

Сместување

  • Број на гости: 4 лица
  • Број на ноќевања: 1 ноќевања (во еднокреветни соби на база на полупансион (појадок и вечера вклучени)
  • Дополнителни услови: Бесплатен Wi-Fi, Паркинг (доколку е достапен)

Исхрана

  • Ручек за максимум 30 лица на секоја обука
  • Мени со предјадење, главно јадење, десерт и пијалок (минерална вода или безалкохолен пијалок)
  • Опција за вегетаријанско/веганско мени и мени за лица со специјални потреби во исхраната

Освежување

  • Кафе-паузи (3 вкупно) во текот на работните денови
  • Кафе, чај, вода, сокови
  • Вода за време на работниот дел
  1. Работен простор/сала услуги

Сала и опрема

  • Конференциска сала со капацитет за 30 лица
  • Распоред на седење: во П-форма
  • Проектор и платно/LED екран
  • Флипчарт и маркери

Дополнителни информации

Ве молиме понудата да ја доставите во износ со вклучен ДДВ, вклучувајќи информации за услови на плаќање и евентуални попусти.

 Потребна документација за аплицирање

Понуда со цена

  • Детална финансиска понуда по ставки (сместување, ручек, кафе-паузи, изнајмување сала, опрема и техничка поддршка), со фотографии од просторот.
  • Наведена цена по лице/услуга и вкупна цена (нето и бруто, со вклучен ДДВ).
  • Потпишување на Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси (во прилог на овој повик).

Опис на услугите

  • Детален опис на хотелските услуги (тип на соби, мени, организација на оброци, кафе-паузи).
  • Опис на конференциската сала и техничката опрема за хибриден настан.

Документи за регистрација на компанијата

  • Тековна состојба/извод од Централен регистар.
  • Даночен број (ЕМБС и ДДВ број ако е обврзник на ДДВ).

Општи услови

  • Политика за резервации и откажување.
  • Услови на плаќање.
  • Информации за евентуални попусти или дополнителни трошоци.

Критериуми за селекција

  • Вкупна цена на понудата со калкулација по ставки
  • Услови на плаќање
  • Квалитет на понудата на услуги (сместување, исхрана и сл.)
  • Адекватност на салата (капацитет, распоред на седење, природна светлина/вентилација)
  • Квалитет и достапност на опремата (проектор, озвучување, интернет конекција итн.)
  • Обезбедена техничка поддршка на лице место
  • Пристапност на локацијата (транспортни врски, паркинг простор)

Начин и рок за аплицирање

Потребната документација да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за прибирање на понуди за организирање на обуки за проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Краен рок за доставување на документите е 17.03.2026 година.

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕР/КА

    1. За проектот Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на дизајнер/ка за подготовка на визуелен дизајн на три (3) извештаи во рамки на проектот WE CARE: United we stand to fight against sexual and gender-based violence. 2. Опис на ангажманот Избраниот/ата дизајнер/ка ќе биде…

  • Повик за ангажирање на национален/а истражувач/ка

    📣 ПОВИК за ангажирање на национален/а истражувач/ка – Policy Analyst  во рамки на проектот  “Working Safe: Socio-economic Inclusion of the LGBTQI+ Community in the Western Balkans and Turkey” (ERA) Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на еден/една национален/а policy analyst за подготовка на национален…

  • Јавен повик за експерт/ка за изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, на 24.03.2026 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК  за избор на експерт/ка за изработка на Прирачник (Тoolkit) за превенција на употреба на дроги во училиштата во рамки на проектот „Воспоставување на национален систем за […]
    The post Јавен повик за експерт/ка за изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата appeared first on ХОПС.

  • Отворен повик за јавни средни училишта за проектот БЕЛИ

    ПОВИК ДО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВИ ЛИДЕРИ НА БАЛКАНОТ (БЕЛИ) Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во партнерство со организации од регионот, објавува ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОСУМ ЈАВНИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА од Северна Македонија за учество во проектот „Иницијатива за нови лидери на Балканот (БЕЛИ)”. Избраните […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

    Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА 1.За Македонското здружение […]
    The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА appeared first on Myla.

  • Јавен повик за избор на членови на локални акциски тимови (CATs)

    Здружението ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија, во рамките на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“ поддржан од Expertise France, објавува јавен повик за избор на членови на локални акциски тимови т.е. Community Action Teams (CATs)…..

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор