Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ИНИ и Општина Виница
Денес нашите партнери, Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница, претставувано од претседателот Тодор Цонев и Миле Петков, градоначалник на Општина Виница, потпишаа Меморандум за соработка во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци. Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.
Меморандумот има за цел:
1. Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница;
2. Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата;
3. Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи;
4. Учество на регионална конференција;
5. Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;
6. Активно вклучување на вработените во општината во активности/работилници за родово одговорно буџетирање;
7. Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;
8. Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;
9. Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.
Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница!

Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk
This post was originally published on this site



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

