Покана за учество на Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место
Почитувани,
Здружението Гласен Текстилец со задоволство ве поканува да учествувате на Националната конференција
за родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип.
На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родовата еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, претставници на Национални институции и граѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.
Ве молиме да потврдите учество најдоцна до 5 март 2025 година на електронската адреса: antonela.miteva@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.
Со почит,
Гласен Текстилец.