Hrightspre2.jpg

Платформа за родова еднаквост – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост и заштита на децата. Изречените затворски казни под законски утврдениот минимум за вакви сериозни дела од организиран криминал, ја минимизираат правата тежина на овие дела и со тоа ја амнестираат кривичната одговорност на сторителите. Ваквите ублажени казни, наместо да ги одвратат од сторување на исти или слични дела може да ги охрабрат мажите во иднина повторно да вршат вакви форми на родово базирано и сексуално насилство. Тривијализирањето на страдањето на жртвите и во јавноста праќа вознемирувачка порака за тоа како нашето општество ја вреднува безбедноста и добросостојбата на девојчињата и жените.

Дополнително, судот, иако имаше обврска да одлучи за барањето за надомест на штета од страна на жртвата, истото го одби, а жртвата ја упати своето право да го остварува во граѓанска постапка. Секое дополнително одлагање на правдата претставува виктимизација за жртвата и го оневозможува нејзиното опоравување и реинтеграција.

Уште позагрижувачки е наративот на одбраната кој индиректно ја обвини  малолетната жртва, – па наместо фокусот да се кривичните дела на вршителите, карактерот и минатото на жртвата беа истакнати како причини кои го оправдуваат нарушувањето на телесниот интегритет, безбедност и благосостојба. Ваквиот дискурс во јавноста само ги зајакнува опасните стереотипи, ја одржува системската дискриминација и може да ги обесхрабри другите жртви на насилство да бараат правда. Карактерот на жртвата не е составен дел на обележјето на кривичните дела и не може да биде аргумент за одбрана на сторителите на трговија со дете и силување. Нејзиното минато и личните околности не смеат да се користат за оправдување или намалување на злосторствата извршени против неа. Со ова се одвлекува фокусот дека злосторството започнува со заведување малолетно лице и дека наштетувањето на честа и угледот на малолетното девојче е направено токму од страна на злосторниците преку уцена и присилување, до полов напад, силување и трговија со дете.

Од друга страна, не може да се занемари отсуството на било каква јавна реакција на Јавното обвинителство за организиран криминал по однос на вака утврдени санкции за овие сериозни дела и погоре споменатите изјави на судот и одбраната. Дополнително, очекуваме Адвокатската комора но и другите професионални здруженија и тела од правосудниот систем како Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да го следат овој случај и да постапат согласно законските одредби и Етичките кодекси.

Затоа, бараме одговорност за правните професионалци кои прибегнуваат кон неетичко обвинување на жртви, бидејќи тоа ги поткопува принципите на правда и еднаквост. Нашата платформа уште еднаш ја повторува посветеноста во залагањето за правата и достоинството на сите жртви на родово-базирано насилство.

Платформата за родова еднаквост го повикува второстепениот суд при разгледувањето на случајот да ја има предвид родовата перспектива, распространетоста на овие кривични дела и последиците врз жртвата, но и врз сите засрамени и замолчени жртви кои не се охрабриле да преземат дејствие. Второстепениот суд има можност да донесе правда со изрекување на соодветни и пропорционални казни кои ќе имаат за цел да ги одвратат и другите потенцијални сторители на вакви злосторства и да досуди правичен надоместок за жртвата.

Овој случај ја нагласува итната потреба од системски реформи, вклучително и построги казни за злосторства против девојчиња и жени. Остануваме вложени во напорите и притисокот да се отстранат мизогините наративи од правните постапки, а ја поттикнуваме јавноста будно да ја следи работата на институциите и да бара правда. А правдата мора да биде брза, фер и недвосмислена во осудата на оние кои нанесуваат штета на најранливите.

Како што се приближуваме до почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, повикуваме на колективна солидарност и непоколеблива посветеност кон искоренување на родово базираното насилство во сите негови форми. Насилството, вкоренето во системските нееднаквости и патријархални норми, преку неказнивост и нормализација на злоставувањето продолжува несразмерно повеќе да ги погодува жените и маргинализираните лица на глобално ниво.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор