[Aggregator] Downloaded image for imported item #46146

Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

По повод 8 Март, Здружението СТАНИЦА ПЕТ ја објави онлајн кампањата со пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“, со цел да потсети дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти.

Флаерот не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник за жените кои го изгубиле животот како последица на родово базирано и семејно насилство, но и за оние кои секојдневно живеат во страв и неизвесност. За системот тоа беше процедура. За нив – последни денови! Ова ја отсликува длабоката разлика меѓу формалниот пристап на институциите и реалните, животозагрозувачки ситуации на жртвите.

Само во првите месеци од 2026 година, во Северна Македонија се регистрирани најмалку 4 случаи на фемицид. Овие бројки не се само статистика – тие се изгубени животи и пропуштени можности за навремена заштита.

Особено потресен е последниот случај во Скопје, каде 31-годишна жена и нејзиното дете ги загубија животите по долг период на семејно насилство. Според достапните информации, институциите имале сознанија за насилството, но не биле преземени соодветни и навремени мерки за заштита. Овој случај повторно го отвора прашањето: колку предупредувања се потребни за да се спречи трагедија?

Ваквите настани ја нагласуваат итната потреба од функционален, координиран и одговорен систем за заштита, кој нема да реагира само формално, туку ќе обезбеди вистинска безбедност за жртвите. Насилството не смее да се третира како административна постапка, туку како сериозен ризик по живот.

Со оваа кампања, бараме одговорност, навремена реакција и суштинска заштита. Ниту една жена не смее да остане сама пред насилството. Ниту едно дете не смее да расте во средина на страв.

Кога институциите доцнат – насилството не чека.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор