Metamorfozis 1

Отворено писмо до Европската комисија од ЕДРИ: Сега е време да се зајакне технолошкиот суверенитет на ЕУ

Европа не смее да биде малтретирана од индивидуи како што се Маск и Трамп за да слабее спроведувањето на ДСА и ДМА, се вели во отвореното писмо

Европската мрежа за дигитални права – ЕДРИ (EDRi), составена од невладини организации, експерти, поборници и академици кои работат на заштита и унапредување на дигиталните права низ целиот европски континент, испрати отворено писмо до Европската комисија (ЕК) во кое порачува Комисијата да не подлегнува на политичкиот притисок од големите технолошки компании и да го зајакне спроведувањето на Законот за дигитални услуги (ДСА) и Законот за дигитални пазари (ДМА).

Во заедничкото писмо, тие предупредуваат на обидите на технолошките гиганти како „Мета“, „Епл“ и „Х“ да влијаат врз американската администрација под раководство на новиот претседател Доналд Трамп за да ги ослабнат европските регулативи, со што би се загрозиле конкуренцијата, демократијата и безбедноста на корисниците.

Потписниците повикуваат на одлучни мерки против злоупотребите на платформите, особено во однос на конкуренцијата, мешањето од странство, зачувување на медиумскиот плурализам и злоупотребата на лични податоци.

Мрежата, исто така, истакнува дека привременото запирање на спроведувањето на двата закона би значело сериозен чекор назад во напорите за создавање фер дигитален пазар.

Во писмото се критикуваат и најавените промени во модерирањето на содржината на технолошкиот гигант „Мета“ во сопственост на Марк Закерберг, кои, според нив, можат да доведат до засилено ширење на штетна содржина.

Особено загрижувачка, според писмото, е моќта што платформите како „Х“ (поранешен „Твитер“) ја користат за ширење антидемократска пропаганда и политичка манипулација.

Мрежата ЕДРИ ја повикува ЕУ не само да остане доследна во спроведувањето на законите, туку и да инвестира во развој на независна, децентрализирана дигитална сфера која нема да зависи од корпоративни интереси.

Фондацијата Метаморфозис, од која дел е и Новинската агенција Мета.мк, е членка на мрежата ЕДРИ и е потписник на писмото.

Писмото го пренесуваме во целост:

Почитувана претседателке фон дер Лајен,

Почитувана извршна потпретседателке Рибера,

Почитувана извршна потпретседателке Виркунен,

Ние, долупотпишаните граѓански организации, синдикати и бизниси, Ве повикуваме да се спротивставите на политичкиот притисок од големите технолошки компании и да дадете приоритет на смела акција за да ја заштитиме нашата демократија и нашата економија. Доколку ЕУ сака да го зачува својот суверенитет, не смее да го прекине или ослабне спроведувањето на правилата.

Со зголемена загриженост забележавме како извршните директори на големите американски технолошки компании наизменично се обидуваат да ѝ се додворат на администрацијата на Трамп, делумно за да ја мобилизираат против правилата на ЕУ како што се Законот за дигитални пазари (ДМА), политиката на конкуренција и Законот за дигитални услуги (ДСА).

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, јавно изјави дека компанијата ќе се обиде да соработува со претседателот Трамп за да ги поткопа законите на ЕУ, директно насочувајќи се кон Законот за дигитални услуги, но и спроведувањето на политиката на конкуренција. Исто така, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, наводно директно побарал од Трамп да го поштеди од казните наметнати од ЕУ по истрагата за државна помош.

Ни претставува олеснување тоа што останувате целосно посветени на строгата примена на ДСА и ДМА и на спроведувањето на овие правила онаму каде што компаниите не се придржуваат до нив во целост, откако извештаите за печат укажаа дека Комисијата размислувала привремено да ги прекине тековните истраги.

Долупотпишаните организации повторно најстрого нагласуваат дека спроведувањето на ДСА, ДМА и политиката на конкуренција е од суштинско значење за заштита на луѓето од најлошите злоупотреби на интернет, за заштита на нашите демократии од мешање од странство, за создавање можности за европските иноватори, за зачувување на медиумскиот плурализам и ограничување на опасната политичка и пазарна моќ што денес ја поседуваат големите технолошки компании. Повторно ја изјавуваме нашата поддршка за службите на Комисијата кои секојдневно ја вршат работата на спроведување и Ве повикуваме да донесете смели одлуки врз основа на нивните проценки.

Сепак, ова време покажува повеќе од кога било порано дека за да се контролира големата технологија, ЕУ исто така треба да инвестира во технологија која овозможува поразновидна и децентрализирана дигитална јавна сфера.

Привремениот прекин на спроведувањето на правилата би значело признавање пораз во Вашата работа да ја направите дигиталната сфера фер и безбедна

Извршните директори на големите технолошки компании се обидуваат да се додворат на американската администрација, што не е изненадување. Всушност, големите технолошки компании ја постигнале својата огромна доминација на пазарот делумно преку користењето на нивната моќ за да избегнат почитување на законите како што се заштитата на податоците и политиката на конкуренција во минатото. Сите тие силно лобирале против употребата на алатките за конкуренција на ЕУ и Законот за дигитални пазари, од самиот почеток на дискусиите околу предлогот. „Епл“ и „Мета“ исто така се обидоа да го блокираат спроведувањето на Законот за дигитални пазари со правни постапки против Комисијата која го довела во прашање нивниот статус на „дигитален чувар“.

Сега, извршните директори на големите технолошки компании, настојуваат да ја мобилизираат администрацијата на Трамп со цел да ја заштитат способноста да ги искористат корисниците и бизнисите кои зависат од нив, вклучувајќи ги и развивачите на апликации, публикувачите, огласувачите и други, дури ги задушуваат потенцијалните конкуренти. Оваа експлоатација не само што создаде неправедна дигитална економија, директно влијаеше и врз динамиката и плурализмот на економијата во Европа.

Повторно воведување на конкурентност, праведност и можност за избор на дигиталниот пазар, ќе биде тешка задача. Ако привремено го прекинеме или го ослабнеме спроведувањето на правилата, ризикуваме да го направиме тоа невозможно.

Европа не смее да биде малтретирана од индивидуи како што се Маск и Трамп за да слабее спроведувањето на ДСА и ДМА

Истовремено, постапките преземени од „Х“ и „Мета“ се силен потсетник за тоа колку е ранлива Европа во поглед на зависноста од најголемите платформи на интернет.

Веќе некое време, „Х“ особено ги прекршува обврските според ДСА, како што се нагласува во прелиминарните наоди на Комисијата. Начинот на кој Маск и неговите олигаршки сојузници ја користат платформата за антидемократска политичка пропаганда, лаги и насочено вознемирување е сериозна закана за демократијата и политичкиот дискурс во Европа. Ние сме длабоко загрижени поради моќта што сега ја користат преку алгоритмичка машина за манипулација поддржана од социјалните медиуми на „Х“.

„Мета“ неодамна најави големо ублажување на пристапот кон модерирање содржини на нивните платформи. Оваа промена ги укинува некои од најосновните заштити на човековите права, недвосмислено дозволувајќи напад врз маргинализираните заедници и охрабрувајќи ги екстремистите. Иако овие промени беа најавени да се применат прво меѓу корисниците во САД, „Фејсбук“, „Инстаграм“и „Тредс“се глобални платформи. Содржината на англиски јазик од САД неизбежно ќе биде видена и споделена од страна на корисниците во Европската економска зона и голема е веројатноста дека ќе ги доживеат последиците од оваа деградација на модерирање на содржината. Тие со право ќе се запрашаат како Законот за дигитални услуги ги штити.

Сега е време да се зајакне технолошкиот суверенитет на ЕУ

Ова не е судир помеѓу ЕУ и САД, туку напад од големите технолошки компании врз сите други.

Затоа, денес Ве молиме за смело политичко лидерство, не само да се спротивставите на малтретирањето од големите технолошки фирми, туку и да дадете приоритет на цврсто спроведување на дигиталниот правилник. Покрај тоа, Ве повикуваме да инвестирате во разновидна и децентрализирана дигитална сфера која е дел од суверените дигитални заедници и не е во сопственост и управувана од сопственички технолошки корпорации, без оглед на тоа каде се наоѓаат.

Срдечно,

‘NEVER AGAIN’ Association, Полска

Access Now, Global

AlgorithmWatch, Германија

Aspiration, САД

Avaaz, Global

Balanced Economy Project, Global

Bürgerbewegung Finanzwende, Германија

Center for Countering Digital Hate, САД/ОК

Corporate Europe Observatory, ЕУ

Commons Network, Холандија

Cryptee, Естонија

Danes je nov dan, Словенија

Defend Democracy, Холандија/Белгија

Democracy Reporting International (DRI), Global,

Digital Action, Global

Digitale Gesellschaft, Швајцарија

Državljan D / Citizen D, Словенија

EKŌ, САД

European Public Services Union (EPSU), ЕУ

European Digital Rights (EDRi), ЕУ

FEMNET, Германија

Germanwatch e.V., Германија

Goliathwatch, Германија

Gong, Хрватска

Homo Digitalis, Грција

Irish Council for Civil Liberties, Ирска

Lobbycontrol, Германија

Matrix.org Foundation, ОК

Фондација Метаморфозис, Северна Македонија

Nextcloud, Германија

Open Markets Institute, САД

Panoptykon Foundation, Полска

People vs Big Tech, Global,

Politiscope, Хрватска

Rebalance Now, Германија

SHARE Foundation, Србија

SOMO, Холандија

The Good Lobby, ЕУ

The London Story, Белгија / Холандија

Transnational Institute (TNI), Холандија

Vrijschrift.org, Холандија

Xnet, Institute for Democratic Digitalisation, Шпанија

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Покана за учество на информативни сесии за повик за грантови

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативните сеси за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација , во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на: На инфо-сесиите ќе имате можност да дознаете:✅ кои се целите на повикот,✅ како да аплицирате,✅…

  • ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија

    Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека годинешниот Извештај на Европската унија за напредокот на Северна Македонија,  нотира згрижувачки наоди, особено во делот кој се однесува на недискриминацијата, родовата еднаквост и положбата на граѓанското општество. Извештајот недвосмислено укажува дека земјата го одложува усогласувањето на принципите на недискриминација во сите релевантни закони, што претставува сериозен чекор […]
    Read More… from ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија
    The post ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

    Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

  • BOOST проектот ја зајакнува граѓанската иницијатива низ Западен Балкан

    BOOST проектот, регионална иницијатива предводена од ALDA и финансирана од Agence Française de Développement (AFD), постигнува значајни резултати во зајакнувањето на граѓанското општество низ Западен Балкан. Преку националната шема за подгрантови, BOOST избра по десет влијателни проекти во секоја од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна…

  • Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

    Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]
    The post Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор