Screenshot

Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“ на 26 мај 2022 година, со почеток во 12 часот. На настанот ќе говорат лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, претставничката на експертската заедница, д-р Ивана Лозановска и претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Што е циркуларна економија, колку е применлива во националните и локалните економии, особено ако се работи за сиромашни земји, колку е можна во контекст на руската агресија врз Украина и други економски, воени, политички и други услови – се само дел од прашањата поврзани со оваа тема, велат организаторите на настанот што е дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.

Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан е првата регионална иницијатива која обединува различни актери низ Западен Балкан. Фокусот на оваа иницијатива е на циркуларната економија и одржливиот развој и е организирана од членовите на заедницата Logex од целиот регион, по иницијатива на организацијата Балкански форум од Косово.

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и деловни чинители од регионот на Западен Балкан и дијаспората од регионот. Како диверзитетна заедница, LogEx работи на премостување на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот на Западен Балкан. LogEx го олеснува заедничкото учење и соработката и работи на градење човечки капитал, зајакнување на циркуларната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.

Линк: Фејсбук настан

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор