Screenshot 2026 07 21 at 10 42

Онлајн консултации за измени на Законот за донации и спознорства во јавни дејности, 26.06.2026

Здружението Конект и партнерите континуирано застапуваат за промени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и до сега постигнаа 2 промени на законот.

Менувањето на Законот е дел од мерките на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028 (Мерка 1.2.3) на Владата на РСМ.

Неопходно е застапување и техничка поддршка на институциите со цел Законот да се измени и да го намали административниот товар на донаторите (индивидуални и бизниси) при донирање во ГО за лесно да доаѓаат до даночни ослободувања што за 2/3 од бизнис секторот се значаен мотив за да донираат.

Кај нас половина од граѓаните и бизнисите во текот на годината донираат. Затоа, и за ГО е исклучително важно да го променат овој закон и локалниот филантропски потенцијал да го насочат кон одржливост на своите програми.

За да придонесеме ве покануваме на:

Онлајн консултации за измени на Законот за донации и спознорства во јавни дејности

📅 26.06.2026 📍 Скопје, онлајн (<<линк за вклучување>>)

⏰ Почеток: 12:00 часот и завршување во 13:00 часот

Пријавете го вашето учество на следниот <<линк>>.

Преку Мрежата за финансиска одржливост што брои 128 членки продолжуваме да застапуваме за силни граѓански организации.

Вашиот став ни значи за да придонесеме за подобро законско решение.

Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Со почит,

Тимот на Конект

      

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор